Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со Општина Валандово, на 20 декември 2023 година (среда), во 19:30 часот во Домот на културата „25 Mај“ во Валандово ќе го организираат третото издание на книжевната манифестација „Валандовско поетикување“.

На поетското читање планирано е да настапат десетмина реномирани поети и автори од Струмица, Валандово и регионот, познати на книжевната јавност. Најавен е и Петрос Голицис од Грција.
„Од исклучителна важност се ваквите книжевни манифестации кои се одговор на стратегиите за децентрализација на културата, а се реализираат со цел подигање на духот на граѓаните, нивно позитивно анимирање и оттргнување од секојдневните проблеми со кои секој од нас се соочува“, велат организаторите.