Три дена по одземањето, МВР им ги враќа старите пасоши со важечки визи на граѓаните што поднеле барања за нови

Македонските граѓани што имаат важечки визи во пасошите, но мора да ги сменат до февруари годинава, може да ги добијат назад старите пасоши три дена откако Министерството за внатрешни работи ќе им ги задржи. Тие ќе патуваат како и досега кога на пасошите им истекуваше важноста, а имаат важечки визи. Со себе треба да ги имаат и стариот пасош со визите и новиот.

„При фотографирање за нова патна исправа на граѓаните им се задржува старата. Меѓутоа, по одобрување на постапката, односно по 3 дена, граѓаните може да си ја подигнат старата патна исправа. При подигнување на новата патна исправа, старата патна исправа се уништува само во делот каде што се наоѓа чипот, делот каде што се наоѓаат визите останува ист. Во таков случај, граѓаните што имаат виза во старата патна исправа при патување, ќе треба да ги приложат двете патни исправи“, велат од Министерството за внатрешни работи за Макфакс.

Службите на МВР ги одземаат старите пасоши од сопствениците, нешто што досега не го правеа, за да спречат можни злоупотреби оти повеќето од документите сè уште имаат неистечен рок на важење, а се менуваат само поради обврската за патна исправа со новото име на државата.

Според податоците објавени на веб-страницата на Министерството за надворешни работи, на македонските граѓани им требаат визи за патувања во 114 земји во светот. За патувања во Африка, виза за македонските граѓани не бараат само Сејшели и Тунис, а за влез во другите 53 земји неопходна е виза. Од азиските држави виза на Македонците не им бараат Израел, Јапонија, Киргистан, Малезија, Сингапур, Тајван и Шри Ланка, а во другите виза е задолжителна.

На веб-страницата на Министерството стои дека Македонците без виза може да патуваат во повеќето земји од Европа, но без виза не може одат во Обединетото Кралство, Ирска, Белорусија, Ерменија и во Русија.

Во Северна Америка виза е задолжителна во Канада, Мексико и во САД. Во државите во Јужна Америка, пак, нашите граѓани без виза може да влезат во Аргентина, Бразил, Еквадор, Колумбија, Перу и Чиле, а виза треба за во Боливија, Венецуела, Гвајана, Парагвај, Суринам и Уругвај. Во другите 16 визата е задолжителна. Во Средна Америка и Карибите без виза може да влеземе во Барбадос, Бахами, Гватемала, Ел Салвадор, Куба, Никарагва, Панама, Свети Кристофер и Невис и Хондурас.

Македонските граѓани без виза не може да патуваат во сите 14 земји од Австралија и Океанија.

Сите македонски државјани имаат обврска до февруари в година да ги сменат пасошите и другите лични документи, кои треба да го имаат името Република Северна Македонија. Од Министерството за внатрешни работи велат дека досега се издадени над еден милион патни исправи.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека најдоцна до понеделник очекува во Скопје да се отвори нов пункт за издавање лични документи. Граѓаните се жалат дека за нови пасоши почнале да добиваат термини за фотографирање во јуни в година.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе