Три години од прогласувањето на КОВИД пандемијата: Вирусот уште е меѓу нас

На 11 март пред три години, Светската здравствена организација прогласи пандемија од коронавирус откако тој првично се појави во кинескиот град Вухан во декември 2019 година. Светот се соочи со полициски час, носење заштитни маски, ограничување на јавни настани, масовни тестирања за COVID-19, онлајн учење и работа од дома. Секојдневието на граѓаните се промени за 360 степени. Дезинфекција на секој чекор, а коронавирусот натера голем дел од популацијата да ја стави социјализацијата на пауза.

Со пристигнување на вакцината против COVID-19, мислењето на јавноста во државата, како и насекаде во светот, беше поделено. Едни едвај чекаа да се вакцинираат и да заминат во странство, каде се бараше негативен тест на коронавирус или доказ за примена вакцина. Други пак, беа скептични. Колку се безбедни вакцините, што има во нив, какви се несаканите ефекти?

Три години подоцна, последиците од пандемијата сѐ уште се чувствуваат насекаде околу нас. На многумина им беше тешко да се вратат во „нормалното секојдневие“.

Во последните 24 часа се направени 1.831 тестирања, а регистрирани се 243 нови случаи на COVID-19. Оздравени се 100 лица, а починати се четири пациенти, информира Министерството за здравство.

Шест пациенти во моментот се лекуваат на Инфективната клиника во Скопје

Коронавирусот се уште е присутен меѓу нас. Во текот на 2023 година односно во јануари, февруари и март, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекувани вкупно 69 пациенти со дијагноза COVID-19, а лекувањето во моментот го продолжуваат шест пациенти. Во изминатиот период починати се седум пациенти.

-Пациентите кои во моментот се лекуваат на Клиниката се со средно-тешка и тешка клиничка слика, велат за МИА од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Оттаму велат дека според достапните податоци, последната докажана варијанта на COVID-19 во државава е кракен подваријантата на омикрон, која е високо контагиозна и заразна.

Препораките за превенција се подеднакво исти како и за претходните варијанти, односно одржување на хигиената на рацете, избегнување на присуство во простории каде има поголема концентрација на луѓе, при кивање и кашлање да се става рака на уста сѐ со цел да се спречи ширењето на флигеовите капки.

Остануваат на важност препораките дадени во текот на пандемијата

На веб страната на Институтот за јавно здравје, секој понеделник се објавува информација за состојбата со коронавирусот во текот на неделата која поминала. 

- Во текот на минатата недела, тестирани се вкупно 1.880 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 29,1 отсто во однос на претходната недела (n=2.651), велат од Институтот за јавно здравје за МИА.

Од Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје информираат дека од 20 февруари 2020 година до 5 март годинава, тестирани се вкупно 2.230.788 материјали. Од нив, детектирани се вкупно 347.182 позитивни случаи на COVID-19 со инциденца (I)=18.302,4/100.000, и пријавени се 9.668 смртни случаи.

Во однос на тоа какви се шансите за нов сој на COVID-19 во нашата држава, од Институтот за јавно здравје велат дека со оглед на тоа дека се работи за РНК вирус, шансите за мутација се поголеми.

- Насоката на мутација е непредвидлива и ова се однесува на само за нашата земја, туку и воопшто, за сите земји каде што заболувањето е присутно, подвлекоа од Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ.

Првиот случај на COVID-19 во земјава потврден во февруари 2020 година

Првиот случај во земјава беше потврден на 26 февруари 2020 година кај жена која допатува од Италија. Бројот на заразени интензивно расте од почетокот на март и кон крајот на јули 2020 година достигнува 10 илјади заразени.

Воведени беа серија на мерки во насока на спречување на ширењето на вирусот. Затворени беа сите училиштата и забранети јавни настапи. На 13 март поради зголемен број на заразени беше прогласена кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа кои беа ставени под карантин, а по предлог на тогашната техничка Влада на 18 март беше прогласена вонредна состојба на целата територија на државата.

Вакцинацијата во земјава почна на 17 февруари 2021 година. Заклучно со 5 март годинава, вакцинирани се вкупно 876.031 лица со барем една доза, а комплетно вакцинирани со две дози се вкупно 857.128 лица.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе