Три грешки кои ги правите на социјалните мрежи, а можат скапо да ве чинат

Секој од нас има објавено по некој смешен или бесмислен статус од пред неколку години или фотографија којашто не ве прикажува во најдобро светло.

Елиза Киркбај, регионална директорка на компанијата Hays, откри кои грешки ги прават луѓето на социјалните мрежи, а кои можат да ги чинат скапо, како на пример да не ја добијат саканата работа.

Да, точно е дека Facebook профилот е ваша лична работа, но многу работодавачи, посебно од поголемите компании, пред да вработат некого ги разгледуваат и неговите активности на социјалните мрежи со цел да дознаат повеќе за потенцијалниот кандидат.

Киркбај предупредува на кои грешки треба да внимавате:

1. Несоодветна содржина

Како општо правила Елиза наведува дека не би требало да објавувате каква било навредлива содржина на социјалните мрежи. Тоа може да вклучи коментари кои би се толкувале како расистички, хомофобни, порнографски, сексистички или екстремни во која било смисла.

2. Пречести објави

Без оглед на тоа колку уживате во објавувањето фотографии од какво кафе пиете или секојдневни селфи фотки, Елиза предупредува дека потенцијалните работодавачи тоа може да го протолкуваат погрешно. Тоа може да биде знак дека личноста минува премногу време онлајн и дека тоа му го привлекува вниманието од работата.

Ако веќе не може да се воздржите, барем имате опција содржината што ја објавувате да биде приватна.

3. Претходни работни искуства

Една од првите работи кои потенцијалниот работодавач ги гледа на социјалните мрежи е вашата историја на вработувања. Затоа е добро да напишете точни и прецизни информации, а не на пример да пишува дека сте работеле во Google, а тоа не е вистина.

Какви било противречности во однос на тоа што сте навеле во CV би можеле да го натераат работодавачот да ве одбие.

реклама

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе