Три најверни раси на кучиња

Некои луѓи бараат нивниот миленик да биде верен и лојален до крај, а три раси ги имаат токму тие карактеристики.

Верноста на кучињата нема никаква врска со нивната големина, па помеѓу оние најверните не е чудо што има и една раса со мал раст.

Доберман

Кога доберманот е со добро педигре и правилно дресиран, тој е вистински пријател и чувар. Овие интелигентни кучиња лесно се дресираат и затоа често се дел од војничките и полициските единици. Тие ги сакаат своите сопственици, особено оние што им овозможуваат разни активности и авантури во природа.

Нивната лојалност кон луѓето не се сведува само на нивниот сопственик, како што ги бие глас, туку тие општо сакаат луѓе и затоа и низ историјата биле омилена раса на кучиња.

Германски овчар

Светското здружение на одгледувачи на герамнски овчари ги нарекува „раса која прави љубителите на кучиња просто да ги обожаваат“. Имаат стекнато репутација за исклучително интелигентни со благороден темперамент.

Секоја задача совршено ја извршуваат, без разлика дали се работи за полициска работа или како кучиња водачи, членови на планинска спасувачка служба или дури и натпреварувачи во спортски игри за кучиња. Тие се навистина верни пријатели. Сепак, им треба време за да засакаат некого, а кога еднаш ќе засакаат некоја личност стануваат екстремно лојални.

Чивава

Скоро сите знаат дека чивавите се мали кучиња со голем карактер, но ова интелигентно кученце е и лојален пријател. Со оглед на тоа што се полни со желба за задоволување на сопственикот, не им е потребен посебен тренинг. Важат за најмала раса, некои од нив се тешки и помалку од 2 килограма. Можат многу да се разликуваат по темпераментот, но сите примероци од оваа раса се целосно посветени на луѓето, кои ги сакаат и го бараат целото внимание што можат да го добијат.

Некои чивави имаат стекнато репутација како диви и злобни кон непознати, но тоа веројатно е последица на големата лојалност кон своите сопственици. Чивавите треба да се подучат да бидат поумерени со лаењето. Им треба умерено, а не строго дресирање, но да биде редовно.

Тагови
реклама

Живот

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Read more

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Read more

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Read more

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Read more
 

Магазин

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Читај повеќе

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Читај повеќе

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Читај повеќе
  • play_arrow

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе