Три земји кои даваат пари за да се преселите и живеете таму

Лиценцираниот финансиски советник Фреди Фајненс објави видео на TikTok во кое објаснува кои три земји нудат пари за да се преселите и живеете таму.

TikTok профилот на Фреди е преполн со интересни содржини, а едно од нив е и видеото во кое објаснува колку пари нудат Швајцарија, Италија и Грција за да живеете таму.

Првин видеото започнува со швајцарската општина Албинен во која ќе ви понудат 25.000 долари за да се преселите таму и 10.000 долари по дете. Единствениот услов е да имате под 45 години и живеете најмалку 10 години на тоа место.

Втората дестинација е Сицилија во Италија, најголемиот остров во Средоземно Море. Можноста да живеете таму може да ја остварите со купување на недвижност која локалните жители ја нудат за 1 долар. Но, мора да го реновирате тој простор во висина од 17.800 долари, а пред тоа да приложите депозит од 5.900 долари.

Последна на листата е островот Антикитера, остров во Грција каде ќе ви дадат да имате ваше парче земја и ќе примате 590 долари месечно во следните три години.

Сепак, некои луѓе и не се одушевени од посочените земји, особено од помислата да живеат во Сицилија. Наведуваат дека локалните жители со причина се отселиле оттаму и дека мафијата го контролира целиот остров.

@freddiefinance 3 countries that will PAY you to move there! #personalfinance #learnontiktok #moneytok IB: @Hoskin Capital ♬ Paris - 斌杨Remix
Тагови
реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе