Сите имаат свој начин на кој сечкаат кромид. Меѓутоа, како и за многу други работи, на TikTok се појави вирален трик кој ни покажува дека и оваа работа ја правиме на погрешен начин.
Мелани Лионело, инаку готвачка и нутриционистка, на својот профил на TikTok меѓу многуте видеа има споделено и едно каде открива трик за совршено сечкање кромид на коцки.
Тајната е во тоа што откако ќе го излупите кромидот едниот врв да го пресечете за да добие стабилност, а да го држите за другиот. Со нож се сече вертикално низ главицата која се поместува на страна за да се направат резови низ целата главица. Потоа се превртува и се сечка од врвот кој претходно го отстранивте.
Резултатот е кромид исечкан на ситни коцки, токму онака како што треба.
@frommylittlekitchen Literally life-changing 🤯🧅 #kitchenhack #cuttingonions #foodhacks #mealprep #fyp ♬ original sound - Melanie Lionello