Хеви метал бендот Iron Maiden денеска го објави албумот „Senjutsu“. Ова е нивен 17-ти албум по ред, кој со нетрпение го очекуваа љубителите на звукот на хеви метал и легендарниот бенд.
„Senjutsu“ е нивниот прв албум по цели шест години, што е нивна најдолга пауза. Името на нивниот претходен албум е „The Book of Souls“.
Албумот има 10 песни и трае дури 82 минути, а токму долгите песни се она што стана типично за Iron Maiden, особено во поновите албуми.
Сега се објавени осум песни, една песна од албумот беше објавена пред две недели, а еден месец претходно албумот беше објавен со анимирано видео за третата песна од албумот „The Writing on the Wall“.
Многу критичари го пофалија „Senjutsu“. На веб-страницата Metacritic има просечен рејтинг 85 (од 100), врз основа на 10 експертски прегледи. Wall of Sound го оцени со 9 (од 10), нарекувајќи го „епско и триумфално враќање на Iron Maiden“.
За време на снимањето на албумот, фронтменот Брус Дикинсон дозна дека има рак на грлото и дека му треба вештачки имплант на колкот, а ја скина и Ахиловата тетива. Својата болка ја изрази преку импресивна вокална изведба.