Турската војска презема копнена операција во Сирија

Турски воени единици во содејство во сириските опозициски сили и меѓународната коалиција започнале копнена операција во саботата утрото за протерување на џихадистичката организација Исламска држава од областа Џараблус којашто граничи со Турција, пренесуваат медиумите повикувајќи се на кабинетот на турскиот премиер Бинали Јилдирим.

„Турските вооружени сили и воздушните сили на меѓународната коалиција покренаа воена операција за чистење на огругот Џараблус во покраината Алепо од терористичката организација Исламска држава“, се наведува во официјалното соопштение кое го пренесува агенцијата Anadolu којашто извести дека авионите на меѓународната коалиција извршиле прво воздушни удари врз позициите на џихадистите.

Агенцијата додава дека целта на операцијата, која доаѓа во моментот кога во Анкара во среда наутро се очекува американскиот потпретседател Џозеф Бајден, започнала всушност во 4 часот по истанбулско време, е „јакнење на безбедноста на границата и зачувување на територијалниот интегритет на Сирија“.

Турската телевизија NTV и весникот Cumhuriyet објавија дека вистинскиот напад почнал во 8.30 часот утрото по локално време, или 7.30 часот по македонско, и притоа мал број припадници на турските специјални вооружени сили навлегле на територијата на Сирија за да ја обезбедат зоната пред можниот упад.

Турските авиони „F-16“ го бомбардирале упориштето на џихадистите во Џараблус, што е првпат тие да интервенираат откако кон крајот на ноември 2015 година го соборија рускиот бомбардер на сириската граница, истакнува во извештајот NTV во кој се нагласува и дека претходно Анкара ја известила Москва за почетокот на операцијата во Сирија.

И турските тенкови се приближиле кон границата и заземале позиции од кои може да настапуваат, а отворен е и артилериски оган врз позициите на џихадистите кај Џараблус, пренесува телевизијата CNNTurk.

Џараблус е последниот граничен пункт кој Исламската држава го контролира на турско-сириската граница.

Стотици сириски бунтовници извесен период се подготвуваа со поддршка на Анкара од турската страна на границата за офанзива со којашто во следните денови би го заземале Џараблус. Турција е подготвена да ја обезбеди сета неопходна помош во операцијата за ослободување на Џараблус од милитантите на Исламската држава, порача во вторникот вечерта министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Џараблус се наоѓа на околу 30 километри од Манбиџ кој е во рацете на курдско-арапската коалиција предводена од курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), кои имаат логистичка и стратешка поддршка на теренот од американските воени експерти и специјалци. Курдската милиција YPG, којашто е главнината на Сириските демократски сили (SDF), курдско-арапска коалиција, брзо напредува кон Џараблус следејќи го отстапувањето на групите на Исламската држава. Курдите имаат намера да отворат преку Џараблус коридор од Кобани кон нивниот друг изолиран кантон Африн во северозападниот дел од покраината Алепо, каде што живеат околу 1,5 милиони луѓе.

Турција има намера да го спречи заземањето на Џараблус од страна на Курдите, град на западниот брег на реката Еуфрат и ги поддржува единиците на сунитската сириска вооружена опозиција кои се подготвуваа за офанзивата против Исламската држава во оваа област. Затоа изминатите денови покрај позициите на Исламската држава, Турција ги гранатираше и курдските сили кај Манбиџ.

Турција, покрај справувањето со курдскиот бунт на својата територија, е загрижена и за обидите на сириските Курди да се пробијат западно од нејзината граница. За да ги попречи тоа, Турција им дозволи на сириските сунитски бунтовници кои се обединети како Слободна сириска армија (FSA) да се групираат на нејзината територија пред да го нападнат Џараблус кој од другата страна го контролира Исламската држава.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе