Уапсен Албанецот кој со дрон во Белград го прекина натпреварот Србија - Албанија

Албанската полиција го уапси Исмаил Морина во Драч, попознат како човекот кој управуваше со дронот со т.н. Голема Албанија, пренесува Koha.

Овој настан предизвика бран насилство на фудбалскиот квалификациски натпревар за ЕУРО 2016 меѓу Србија и Албанија во октомври 2014 година.

Морина ќе помине повеќе од 5 месеци во затвор поради недозволено поседување оружје и муниција, а бил уапсен при проверка на документи.

За време на проверката било востановено дека по него е распишана потерница бидејќи претходно беше осуден на 5 месеци и 12 дена затвор за недозволено поседување оружје и муниција, соопшти албанската полиција.

Апсењето дојде откако судот во Драч ја укина пресудата на судот во Тирана со која затворската казна беше заменета со условна.

Според албанските медиуми, апсењата се поврзани со вечерашното финале на Конференциската лига што се игра во Тирана.

Да потсетиме, во 2015 година албанската полиција го уапси Морина во центарот на Тирана поради поседување нелегално оружје. Но, албанскиот Врховен суд по три месеци го ослободи од затвор и му одреди домашен притвор. Морина беше повторно уапсен во 2018 година во Дубровник врз основа на српска потерница, но беше екстрадиран во Италија.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе