Уапсен братот на Погба откако беше обвинет дека изнудувал пари од Пол

Матиас Погба е обвинет и задржан во притвор заедно со уште четворица под сомнение дека изнудиле пари од неговиот брат Пол Погба, пренесува францускиот AMC Sport.

Обвинителството во Париз официјално поднесе обвинение за изнуда и криминален заговор против Матиас и остатокот од групата, која се состои од лица на возраст од 27 до 36 години.

„Ќе ја обжалиме оваа одлука. Мојот клиент нема врски со криминална организација. Не ја разбираме одлуката на судот да го држи во притвор, особено затоа што тој има алиби за ноќта на наводното киднапирање“, изјави адвокатот на Матиас, Јасин Бузру.

Според истрагата, киднапирањето се случило на 20 март кога група криминалци упаднале во станот на Матиас во Париз, го држеле како заложник, а потоа побарале пари од неговиот брат, кој во тој момент бил во Торино.

Познатиот фудбалер им платил дел од 100.000 евра на киднаперите, но истрагата покрена сомнеж дека Матиас всушност бил главниот актер во режираното киднапирање за да изнуди пари од играчот од средниот ред на Јувентус.

URL

Пол Погба во интервју за полицијата изјави дека верувал дека неговиот брат бил под принуда кога го направил видеото во кое вели дека „ќе ги открие сите тајни за својот брат“.

Видеото послужи како најсилен адут на киднаперите да изнудат пари, а некои француски медиуми пренесуваат дека Матиас на полицијата ѝ потврдил дека видеото го снимил по своја волја.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Фудбал

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе