УЕФА ЕУРО 2020

УЕФА ја презентираше официјалната песна за ЕУРО 2020

На нешто помалку од месец дена до почетокот на континенталниот собир европската куќа на фудбалот ја објави и официјалната песна за натпреварувањето.

Нумерата го носи наслотот „We Are The People“ и е во изведба на Боно и The Edge заедно со реномираниот диџеј Мартин Гарикс.

Како што објаснува УЕФА, песната е напишана на начин за да ја слави радоста на фудбалот од ЕУРО 2020, еден од најголемите светски настани. Песната ги разгледува предизвиците со кои се соочува светот, додека истовремено бара заеднички одговор од сите. „We Are The People“ цели кон тоа да ја отслика позитивноста, надежта и одлучноста кои се потребни за една репрезентација да успее, како и да понуди чувство на заедништво, кое се вклупува и во слоганот на првентството - обединетост.

„Создавањето музика за еден од најголемите светски спортски настани заедно со Боно и The Edge беше едно неверојатно искуство. Многу сум горд на она што го остваривме заедно и сум возбуден што конечно можеме да го споделиме со светот“, рече Гарикс, пренесува УЕФА.

Remote video URL

За прв пат едно Европско првенство ќе се игра низ целиот континент и тоа во 11 различни градови, сите од различни земји. Бројката требаше да биде 12, но Ирска со својата престолнина Даблин го изгуби домаќинлукот поради рестрикциите кои владеат во земјата.

ЕУРО 2020 почнува на 11 јуни со натпреварот од отворањето во Рим помеѓу Италија и Турција.

Тагови
реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе