Женската ракометна репрезентација доживеа и втор пораз од Украина во баражот за Светското првенство 2023, губејќи со 31:22 (24:12) на гостинскиот натпревар, кој се играше во Кишварда, Унгарија, поради војната во Украина.

По домашниот пораз од два гола, македонската репрезентација почна со водство до 0:1 и 1:2, но потоа целосно ја предаде контролата на украинската репрезнетација, која до крајот на првото полувреме имаше огромна предност од дури 12 гола. Во второто полувреме, нападот на Украина не функционираше толку добро, така што на крајот, Македонија успеа да намали на 9 гола до финишот.
Леонида Гичевска со 9 гола беше најефикасна за Македонија, додека Сара Ристовска додаде 5, а за Украина Ирина Глибко имаше 7 гола.