Украински хакери лоцираат руски бази претставувајќи се како жени на интернет

Украински хакери креирале лажни профили на социјалните мрежи каде се претставуваат како жени со цел да ги измамат руските војници и ги дознаат нивните локации. Целта е потоа да им овозможат на украинските сили да ги уништат непријателските бази.

Руската агресија ги принуди Украинците да смислат нови начини на војување, а веќе е познато дека користат комерцијални дронови и цивилни пилоти на дронови за одбрана од моќниот непријател. Додека Западот ги снабдува со оружје и дронови, украинската војска се адаптира на потребите на терен што вклучува и иновации за нејзините напади бидат поефикасни.

Во тоа помага и група компјутерски професионалци - хакери кои своите вештини ги применуваат во одбрана на земјата. Работат со тајни и безбедносни локации, а една таква група ја води хакерот Никита Книш. Овој триесетгодишник претходно работел како експерт за сајбер безбедност и спречувал хакерски напади.

По нападот на Русија Никита одлучил да ја брани Украина така што формирал тим од 30 професионалци кои почнале да вршат напади, откри тој за Financial Times. Водачот на хакерскиот тим вели дека хакерите се претставувале како привлечни жени на социјалните мрежи, меѓу кои и Телеграм каде контактирале руски војници. Хакерите знаеле дека Русите сакале да се пофалат дека се војници и побарале фотографии од нив. Токму тие фотографии Украинците ги искористиле за откривање локации. Информациите потоа биле проследени на украинската војска по што е разнесена руска база.

Никита тврди дека групата е одговорна и за хакерски напади на руски ТВ станици, откривање база на податоци на руски воени партнери и друго.

реклама

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе