ЧАС ПО КОСМОЛОГИЈА

Универзум: Колку е голем, колку е стар и од што се состои?

Универзумот е целиот свет околу нас: простор, време, материја, енергија, планети, ѕвезди, галаксии, меѓугалактички простор и сè што стои зад него.

Гранки на науката кои го проучуваат универзумот се астрономијата (наука за ѕвездите), потоа космогонија и космологија. Делот од универзумот што го сочинува Сонцето и осумте планети кои кружат околу него (вклучително и Земјата) се нарекува Сончев Систем.

Се смета дека универзумот е стар околу 13,8 милијарди години и е формиран со Големата експлозија (Биг Бенг). Универзумот, грубо земено, се сотои од галаксии (гроздови од милиони ѕвезди), празен простор и меѓуѕвездена материја. Галаксиите се организирани во галактички јата и суперкластери.

Доминантни состојки на универзумот се елементите водород (удел во маса од скоро 75%) и хелиум (околу 25%), додека другите елементи сочинуваат 1 до 2%. Под претпоставка дека масата на просечната ѕвезда е еднаква на масата на Сонцето, во галаксиите има стотици милијарди сонца, а бројот на галаксиите се проценува на стотици милијарди. Во космологијата, премолчено се претпоставува дека видливиот универзум е само дел од целиот универзум. Нема докази дека универзумот е навистина конечен или бесконечен. Денешните телескопи постепено продираат во области со помлади галаксии во далечната вселена.

Најстарите космолошки модели на универзумот ги развиле древни грчки и индиски филозофи и биле геоцентрични, ставајќи ја Земјата во центарот на универзумот. Со векови, попрецизните астрономски набудувања го наведоа Никола Коперник да развие хелиоцентричен модел со Сонцето во центарот на Сончевиот Систем. Развивајќи го законот за универзална гравитација, Исак Њутн ја следел работата на Коперник, како и законите на Кеплер за движење на планетите и набљудувањата на Тихо Брахе. Понатамошните подобрувања во набљудувањето на вселената доведоа до сознание дека Сонцето е една од стотиците милијарди ѕвезди на Млечниот Пат, што е една од најмалку стотиците милијарди галаксии во вселената. Многу ѕвезди во нашата галаксија имаат свои планети. Во поголем обем, галаксиите се дистрибуираат рамномерно и подеднакво во сите правци, што значи дека универзумот нема ниту раб ниту центар. На помали размери, галаксиите се распоредени во гроздови и супергрупи кои формираат огромни влакна и празнини во вселената, создавајќи огромна структура како пена. Откритијата на почетокот на 20 век сугерираат дека универзумот имал почеток и дека оттогаш просторот се шири, и во моментов сè уште се шири со сè поголема брзина.

Постојат бројни хипотези за крајната судбина на универзумот и за тоа што, ѝ претходело на Големата експлозија, додека други физичари и филозофи одбиваат да шпекулираат, сомневајќи се дека податоците за претходните состојби ќе бидат некогаш достапни. Некои физичари предложија разни хипотези за повеќе универзуми, во кои нашиот универзум би можел да биде еден од многуте универзуми што исто така постојат.

Се смета дека универзумот се состои од три вида супстанции: нормална материја, темна материја и темна енергија.

Нормалната материја се состои од атоми кои ги сочинуваат ѕвездите, планетите, човечките суштества и секој друг видлив објект во универзумот.

Колку и да звучи чудно, нормалната материја речиси сигурно го сочинува најмалиот дел од Универзумот, некаде помеѓу 1% и 10%.

Во моментално популарниот модел на универзумот, 70% се смета за темна енергија, 25% темна материја и 5% нормална материја.

Планетата Земја

Земјата е една од осумте планети во Сончевиот Систем. Таа е трета планета по оддалеченост од Сонцето и најголема со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата Земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање на ураниумот и ториумот.

Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од зрачење (штетно по живите суштества кои ја населуваат Земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до Земјината површина.

Единствениот познат сателит на Земјата, Месечината, почнала да кружи околу Земјата пред 4,53 милијарди години. Денес, Земјата прави круг околу Сонцето на секои 366,26 кругови кои ги направила околу својата оска (што е еднакво на бројката од 365,26 сончеви денови). Земјината оска се наоѓа под агол од 23,5° што е последица за менувањето на годишните времиња на Земјината површина.

Атмосферските услови се значајно променети откако настанал животот на планетата и ни создава еколошка рамнотежа која ги модифицира условите на површината на Земјата. Околу 71% од Земјината површина е покриен со вода. Земјата е единствена планета во Сончевиот Систем каде што водата може да остане во течна состојба. Останатите 29% се континентите и островите. Земјината површина многу се менувала во текот на многу милиони години, а причина се тектонските движења.

Земјата, исто така реагира и на надворешниот свет во одредени мери. Нејзиниот релативно голем сателит, Месечината, влијае на плимата и осеката, го стабилизира променувањето на степенот на Земјината оска со што постепено ја менува должината на ротациониот период на Земјата. Дождот од комети, во периодот по настанувањето на Земјата, одиграл голема улога во настанувањето на океаните. Покасно, судирите со астероидите предизвикале значајни промени во Земјината површина.

По големина, Земјата е петта во Сончевиот Систем. За разлика од некои други планети, Земјата не е гасовит џин, каква што е Јупитер на пример. Земјата има цврста површина како и Меркур, Венера и Марс, од кои Земјата е најголема, со најголема густина, најсилна гравитација и најсилно магнетно поле. Генерално, Земјата се состои од атмосфера, биосфера, хидросфера и нејзините внатрешни градби под површината.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе