Уште еден автомобилски бренд преминува „на струја“

Автомобилската индустрија масовно се врти кон електрификација на постоечките модели и создавање нови хибридни или целосно електрични возила за клиентите кои се сѐ повеќе еколошки освестени.

На зголемениот број автомобилски компании кои најавија дека наскоро завршуваат со продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување и се фокусираат на електрификација, наскоро треба да им се придружи уште една - MINI.

MINI ќе го претстави својот последен автомобил со бензински мотор во 2025 година, а по 2030 година веќе нема да нуди возила со мотори со внатрешно согорување.

Според планот, кој сè уште не е официјално потврден, а до кој стигнаа германските медиуми, MINI ќе стане првиот бренд на групацијата BMW што најавува целосна електрификација.

Што се однесува до очекувањата за продажба, компанијата најавува дека до 2027 година, половина од продадените автомобили ќе имаат електрични мотори, а по 2030 година веќе нема да може да се купуваат бензинци MINI, освен половни.

URL

Денес на пазарот е достапен само еден електричен модел од овој бренд - Cooper SE, а плановите на компанијата вклучуваат два електрични кросовери, додека неодамна го претстави концептот на автономно електрично комби.

Секако, што се однесува до овој концепт, не е познато дали MINI навистина ќе претстави и производен модел.

Според веб-страницата Electrek, бидејќи MINI практично нуди само три модели (кои се достапни во различни верзии) - Cooper, Clubman и Countryman, за нив процесот на електрификација треба да биде поедноставен и побрз во споредба со брендовите кои во понудата имаат повеќе модели кои ќе треба да бидат електрифицирани.

Слични планови како MINI, кои вклучуваат целосно префрлање на електрични мотори до крајот на оваа деценија или порано, соопштија Volvo, Jaguar, Bentley и други големи автомобилски компании.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе