В четврток во Куршумли-ан се отвора 14-тото издание на МакеДокс

Одбројуваме до отворањето на 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, кој ќе се одржи од 17 до 24 август во Скопје под мотото #пресечи (#cutit). Тематски фокус на фестивалот е монтажата на документарните филмови.

Фестивалот ќе се одржи на 4 локации – Куршумли-ан, платото на Музеј на Македонија, Младински културен центар (МКЦ) и Супи-ан, додека мастеркласовите ќе се одржат во Даутпашин амам.

Отворањето на фестивалот е на 17 август во Куршумли-ан, во 20 часот. На филмската програма се проекциите на филмовите „Над рудникот“ на Тео Аудоар и Лова Карлсон (Франција), во 21 часот, и „Танцувајќи ја Пина“ на Флориан Хејсен Сиоб (Германија), во 21:15 часот.

Дејството во краткиот документарец „Над рудникот“ се одвива во Кируна, во северниот дел на Шведска. По низа чудни настани, градот е ставен во движење.

Долгометражниот документарен филм „Танцувајќи ја Пина“ е со приказна која ја слави уметноста на легендарната танчарка Пина Бауш и луѓето што денес ја толкуваат нејзината работа. Два од нејзините танцови проекти покажуваат како младите танчари од целиот свет повторно го откриваат нејзиниот уникатен кореографски стил. Тие се водени од поранешни членови на компанијата „Танцтеатар“ на Бауш.

По филмската програма концерт во Куршумли-ан ќе одржи локалната група „Искра“.

Билетите за филмските проекции веќе се распродадени, додека ќе може да се набават билети за концертот после 22:30 часот.

Филмската програма на 14-тиот МакеДокс е распоредена во 5 категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програмата за деца и младинци. Земја во фокус годинава е Данска.

МакеДокс во соработка со фестивалот на анимиран филм Флипбук ќе прикаже и неколку наградувани анимирани документарни филмови кои биле дел од програмата „Анидок“.

Годинава фестивалот МакеДокс е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на Креативна Европа, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Министерството за култура, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Амбасадата на Кралството Шпанија, Францускиот институт, Грчкиот културен центар, Данскиот филмски центар, МЕДИА деск МК, „Вардар филм“, Младинскиот културен центар, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Факултетот за ликовни уметности, Националната галерија на РСМ, такси „Глобал“.

Медиумски покровители на МакеДокс се МТВ - Прв програмски сервис, Слободен печат, Нова Македонија, Кајгана Медиа, Еспресо.мк, МКД.мк, УМНО.мк, СДК.мк, Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк и Култура Бета.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на МакеДокс (makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација. Ве поттикнуваме да ја искористите можноста за онлајн купување на билетите.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе