Вагнеровци се спакуваа за назад, останува мистерија што го премисли лутиот Пригожин

Макфакс
/ 25.06.2023 / 10:11

По драматичните моменти во Русија откако шефот на Вагнер објави бунт против руското раководство и ги поведе борците кон Москва, во вечерните часови ситуацијата се смири кога Јевгениј Пригожин објави дека неговите војници ќе го запрат движењето кон Москва „за да не се излее Руска крв“.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, разговараше со Пригожин и како резултат на преговорите што траеја цел ден, Пригожин се согласи да ја деескалира ситуацијата.

Прес-службата на Лукашенко соопшти дека преговорите се воделе во договор со рускиот претседател Владимир Путин.

„Пригожин се согласи да го прекине маршот кон Москва и да преземе чекори за деескалација на ситуацијата“, се вели во соопштението.

Како дел од договорот, борците на Вагнер ќе добијат безбедносни гаранции, пишува BBC.

Што друго му било понудено на Пригожин и неговите платеници не е познато.

Во меѓувреме, од Минск беше соопштено дека рускиот претседател Владимир Путин и Лукашенко разговарале за преговорите и дека рускиот лидер му се заблагодарил на својот белоруски колега за ангажманот.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more
 

Вести

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе