Вартоломеј: Руската православна црква ја споделува одговорноста за злосторствата во Украина

Духовниот водач на православните христијани, екуменскиот Патријарх Вартоломеј, денеска изјави дека моќната Руска православна црква ја споделува одговорноста за војната во Украина со руското раководство, но и дека е подготвен да помогне во повоената „духовна обнова“ на Русија.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј со тоа го прекори рускиот патријарх Кирил, чија отворена поддршка за руската инвазија на Украина ги подели православните христијани.

Вартоломеј, кој ја налути Москва во 2019 година со признавањето на новооснованата православна црква на Украина, рече дека руските власти ја користат црквата како „инструмент за своите стратешки цели“.

– Црковното и државното раководство во Русија соработуваа во злосторството на агресија и ја споделуваат одговорноста за злосторствата што резултираа, како што се шокантните киднапирања на украински деца, рече Вартоломеј на конференција во литванскиот парламент.

Минатата недела Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го за воено злосторство за незаконско депортирање на стотици деца од Украина. Русија тврди дека ги иселува децата од Украина заради нивна безбедност и негира кршење на човековите права во Украина.

– Нашиот меѓуверски дијалог мора да се фокусира на отпор и неутрализирање на капацитетот на раководството на Московската патријаршија да го поткопа единството и теолошки да го легитимира криминалното однесување, рече Вартоломеј.

Руската православна црква засега е без коментар.

Вселенската патријаршија се наоѓа во Истанбул и се смета за „прва меѓу еднаквите“ во Православната црква, која има околу 260 милиони следбеници во светот, од кои 100 милиони се во Русија.

– Цариградската Мајка црква е подготвена повторно да им помогне на своите деца во Украина и Русија, како што тоа го правеше многу пати во минатото, рече тој.

– Наша заедничка христијанска должност е да ја искористиме моќта на дијалогот за да ги вратиме нашите руски браќа и сестри во нашата заедница на заеднички вредности, рече тој, нагласувајќи ја потребата од „духовна обнова“ во Русија и Украина.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Свет

ОН ја објави листата на топ 10 најнаселени градови во светот за 2023 година

Read more

Северна Кореја ја извести Јапонија дека планира да лансира сателит

Read more

Белорусија ги затвора патиштата кон Русија, најави формирање на народна милиција

Read more

Позелене водата во каналот во Венеција, свикан итен состанок

Read more
 

Вести

Вјоса Османи: Илегалните српски структури ги нападнаа косовската полиција, КФОР и новинарите

Читај повеќе

Над 50 лица се повредени во судирите во Звечан, вели доктор од Косовска Митровица

Читај повеќе

Камења паднале врз турист од Полска на Матка, пренесен е во болница

Читај повеќе
  • play_arrow

Експлозии одекнуваат на Косово – двајца Срби ранети, ситуацијата повторно тензична

Читај повеќе

Сослушана дадилката на Коста: Тој беше добро дете

Читај повеќе

Бектеши со евтини летови Скопје-Сараево ќе го зголемува бројот на туристи во двете земји

Читај повеќе

Пендаровски одлучи да ги потпише законите за Бехтел и Енка

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа кај Штип, загина возач

Читај повеќе

Кинотеката в среда го отвора летното кино со филмска вечер посветена на Желимир Жилник

Читај повеќе