Величествените вонземјани од Шумата на чудните во Пацификот

Во 2017 година, додека истражувале подводен вулкан лоциран на длабочина од повеќе од 2 километра во Тихиот Океан, научниците биле воодушевени од глетката што ја пронашле.

Наместо дрвја, оваа подводна шума била составена од корали со чудна форма. Меѓу највпечатливите биле Rhodaniridogorgia која изгледа како четка за шишиња, како и оние сплескани и во облик на харфа чии гранки се обвиткани околу долгите и розови роднини на морските ѕвезди. Околу нив имало стаклени сунѓери, кои изгледале како разбушавени панталони кои се нишаат на ветер.

Меѓутоа, кога забележале сунѓер со високо стебло на чиј врв имало крај во форма на диња со две дупки кои ги потсетувале на замаглени очи, го нарекле Сунѓерот Ити - според ликот од истоимениот филм на Стивен Спилберг. Три години подоцна, најинтригантното откритие од „шумата на чудните“ го доби научното име Advhena magnifica или величествен вонземјанин.

Сунѓерите можеби изгледаат како растенија, но тие се всушност животни. Немаат лице, мозок, срце, мускули или кој било друг орган. Повеќето од нив го поминуваат својот живот прикачени на морското дно, собирајќи со нивните сунѓерести тела мали лебдечки честички од храна. Advhena magnifica беше забележана само еднаш претходно, една година претходно во близина на Маријанската Бразда, по што беше земен примерок и однесен на преглед кај д-р Кристиана Бранку. Штом го видела, таа знаела дека гледа во нешто сосема поинакво.

Неговото тело е составено од ситни структури наречени спикули, кои се направени од силициум диоксид. Разгледувајќи ги под микроскоп овие сложени структури, Бранку забележала дека тие се разликуваат од оние што ги видела во другите сунѓери. Затоа, таа заклучи дека не се работи само за нов вид, туку и за сосема нов род на длабокоморски сунѓери што никој претходно не ги опишал.

Remote video URL

Меѓутоа, кога го погледнала видеото од „шумата на чудните“, забележала дека сите сунѓери се ориентирани во иста насока за собирање на хранливи материи. Ова ја навело да помисли дека под микроскоп новооткриениот вонземски сунѓер изгледа поинаку - има поинаква структура во споредба со другите сунѓери - затоа што се приспособил на суровите услови за полесно да добива храна на места каде што е ретка.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе