Велосипедист загина во Скопје, НаТочак со остра реакција до властите и јавноста

По веста дека уште еден велосипедист загина во сообраќајка во Скопје, од здружението НаТочак остро реагираат со барања за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Денеска во 10:30 часот на булевар „Кочо Рацин“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(20) од село Батинци, скопско, удрило во велосипед, управуван од Б.Љ.(54) од Скопје. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Од здружението НаТочак веднаш реагираа преку социјалните мрежи. Нивната објава ви ја споделуваме во целост.

Убиствата во сообраќајот како добар ден!

Велосипедист бил убиен денес на пешачки/велосипедски премин на бул.Кочо Рацин!

Сочувство до семејството. 🙁

Нивната тага ништо нема да може да им ја надомести.

Но нашата надеж дека во овој град и држава можеме да чекориме и возиме велосипед по пропишани патеки без страв дека ќе бидеме убиени може да ни ја вратат институциите или да ја намалуваат и натаму системски!

Нашите барања се многу скромни!

‼Сакаме Градоначалник на Град Скопје кој после секој изгубен живот во сообраќајот ќе најавува нова порадикална мерка во инфраструктурата, дизајнот на улиците и семафорскиот систем која ќе гарантира поголема безбедност.

‼ Сакаме Министер во Министерство за внатрешни работи кој после секој изгубен живот во сообраќајот ќе најавува нова порадикална измена на Законот за безбедноста во сообраќајот и порешителна акција од полицијата против прекршителите.

‼ Сакаме Обивнителство кое правилно ќе ги квалификува овие злодела и нема да го привилегира неодговорното управување со 2-тонско возило како активност во која е дозволено да се греши. Одговорноста е еднаква како при управување со оружје.

‼ Сакаме Суд кој нема веќе да досудува условни казни за убијци.

‼ Сакаме новинари кои нема веќе да ги користат термините “незгода“ и “несреќа“ туку „убиство“ или барем „удар“/„судир“.

Не се работи за гребнатинки и во 99% случаи не се работи за случки вон човекова контрола.

Во конкретниот напис добро е што се користи активна, а не пасивна реченица, реченица со одговорен субјект („го прегази 20-годишник“, наместо “беше прегазен од автомобил“).

Конкретната возраст и пол на возачот исто така е добро што е нагласена, зашто тоа е група со која се работи на посебен начин, каков што сакаше да пренесе сообраќајниот психолог Ралф Рисер кога беше во Скопје, но не беше баш најсериозно сфатен од одговорните тука.

Овие барања се скромни и реални.

Луксуз е да продолжи губењето животи и да се третира со истата лежерност!

‼ Правда за Б.Љ.(54), безбедност за сите!

Во град не прифаќаме толеранција на жртви од сообраќај, од остварување на базичното право на движење, над НУЛА.

Во населени места со соодветни брзини, инфраструктурни промени и полициска контрола бројот на жртви МОЖЕ И МОРА да се сведе на НУЛА.

Не прифаќаме ништо помалку од ВИЗИЈА НУЛА (Vision Zero) како дел од програмите за локални избори.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе