Венгер: Ако му требам на Арсенал, би се вратил

Арсен Венгер, поранешниот менаџер на Арсенал, изјави дека е подготвен да се врати и да му помогне на клубот од „Емирати“ доколку е тоа потребно.

Францускиот стручњак, кој помина 22 години на кормилото на „Топчиите“, е свесен дека клубот има проблеми со резултатите и дека ќе биде тешко да се постигнат зацртаните цели.

Микаел Артета забележа најлош старт во една сезона од Премиер лигата, што се однесува до Арсенал, кој е на 13-то место со 20 бода од 16 натпревари.

Во разговор за подкастот „Men in Blazers“, Венгер рече нешто што ќе биде надеж кај навивачите на лондонскиот клуб.

„Ако им требам, би им помогнал, ама не очекувам тоа да се случи“, рече Венгер.

Тој моментално работи во рамките на ФИФА како шеф на одделот за глобален развој на фудбалот, а кога станува збор за поранешниот клуб и тренерот Микел Артета, тој вели дека поранешниот играч на „топџиите“ имал многу среќа.

„Имаше среќа веднаш да се вработи во голем клуб, да дојде на позиција за која се потребни најмалку десет години работа. Тоа е затоа што тој беше добар играч и играше за голем клуб, му посакувам сѐ најдобро. Заминав со желба моите наследници да бидат подобри и сега кога имаат подобри финансии, да ја освојат титулата. Микел отсекогаш имал голема страст кон играта и мотивацијата, желба да успее. Ги гледате сите тие состојки и сега, тој има влијание врз играчите“, заклучи Венгер.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе