Вкупно 1.226 активни случаи на коронавирус, од нив 658 во Скопје

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Во земјава вчера беа регистрирани 111 новозаболени од COVID-19, а досега бројот на активни случаи е 1.226. Две лица вчера починаа – пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. Шест пациенти се оздравени.

Најголем број од новорегистрираните случаи се во Скопје – 63, потоа следуваат Куманово – 11, Штип – 12, Тетово – 8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.025, бројката на оздравени пациенти е 1.646, а на починати е 153.

Најголем број активни случаи има во Скопје – 658. По општини активни случаи во Скопје најмногу има во Чаир – 152. Во Бутел се 59, Гази Баба – 58, Аеродром – 53, Сарај – 52, Центар – 52, Карпош – 40, Кисела Вода – 29, Арачиново – 23, Студеничани -18, Ѓорче Петров – 17, Илинден -17, Шуто Оризари – 12, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и се на кислородна поддршка. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се осум, a со потешка клиничка слика се уште седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Во рамки на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани вчера девет тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на COVID-19.

Досега во земјата се направени вкупно 36.325 тестирања на COVID-19.

Последната дистрибуција по градови е следна:

•       Скопје 1.264, активни 658

•       Куманово 556, активни 140

•       Дебар 52, активни 1

•       Штип 174, активни 136

•       Прилеп 218, активни 27

•       Тетово 281, активни 119

•       Струга 98, активни 25

•       Велес 144, активни 30

•       Битола 30, активни 3

•       Охрид 31, активни 14

•       Кавадарци 6, активни 1

•       Гостивар 50, активни 29

•       Гевгелија 6, активни 2

•       Струмица 5, активни 2

•       Крива Паланка 7, активни 1

•       Радовиш 4, активни 0

•       Крушево 3, активни 0

•       Кочани 51, активни 20

•       Пробиштип 5, активни 3

•       Демир Хисар 1, активни 0

•       Македонски Брод 2, активни 0

•       Пехчево 3, активни 0

•       Берово 2, активни 1

•       Валандово 3, активни 2

•       Виница 3, активни 1

•       Делчево 1, активни 0

•       Кратово 3, активни 1

•       Свети Николе 3, активни 2

•       Кичево 3, активни 1

•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе