Внимавајте: Отровната риба змеј може да се сретне во Грција, Хрватска, Црна Гора и во Албанија

Суштеството познато кај нас како риба пајак или риба змеј, е една од опасностите заедно со медузите што демнат во морето на неколку локации што традиционално во текот на сезоната ги посетуваат туристи од регионот.

При убодот испушта отров предизвикувајќи силна болка.

Оваа отровна риба може да се сретне на бреговите и островите на Грција, Хрватска, Црна Гора и Албанија, а секојпат сценариото е идентично – убодот се случува во плиткото, каде што практично е невидлива.

Се крие во песок и чакал, долга е 10-ина сантиметри и има остри црни боцки на грбните перки. Поради својот карактеристичен изглед и бои, оваа отровна риба дејствува како камелеон бидејќи совршено се асимилира во својата околина. Она што е важно да се наведе е дека рибата змеј, односно рибата пајак, не е предатор и не напаѓа, туку средбата со отровните боцки се случува кога ќе ја згазнете, а таа инстинктивно ги активира како одбранбен механизам.

Поради оваа причина, капачите се советуваат да бидат внимателни при влегување во водата, особено на плажите на кои и претходно се случувале убоди.

Кога ќе наидете на нејзините боцки, иако болката е интензивна, важно е да останете присебни. Најпрвин, додека убодот е уште свеж, најдобро е стапалото да се натопи во топла вода, односно во вода чија топлина можете да ја издржите. Овој процес се спроведува поради фактот што колку е потопла водата, толку е послаб ефектот на отровот бидејќи тој е термолабилен.

Важно е по овој третман, да добиете прва помош од лекар во форма на инјекција или антибиотици.

По убодот, покрај болка, се јавува и главоболка, чувство на задушување, мачнина, тешко дишење, болка во пределот на срцето, зголемено потење. Исто така, постојат некои индикации дека инфаркт може да се случи кај срцеви пациенти.

Советите на експертите од областа на морската биологија, како и медицинските работници, се кога ќе ве убоде змеј риба, да не го покривате местото, да го виткате со завој или да го затворате болното место.

По лекувањето, според оние што имале средби со оваа риба, болката понекогаш продолжува и во наредните денови.

„Пред неколку години ја згазнав на Олимпик Бич во Грција, многу лошо искуство. Таа испушти многу силен отров што ме остави во несвест. Веднаш по убодот, отидов кај доктор, кој ми даде инекција на местото на убодот, во стапалото“, напиша Србин во група на „Фејсбук“ посветена на Грција.

Уште полошо искуство доживеала жена, чиј син згазнал на риба змеј на Јадранот.

„Мојот син имаше лошо искуство на Јадранот на 15 години. Го убоде додека ја симнуваше од јадицата, не знаеше дека тоа е таа риба… Отокот беше ужасен, болката беше неподнослива, веднаш моравме да одиме на доктор“, пишува таа.

реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Данците завршија пред Словенците поради гол што го постигнаа пред седум месеци

Read more

Издаден налог за апсење за Шојгу и Герасимов за воени злосторства

Read more

Живот

Најсреќниот хороскопски знак во јули 2024 го очекува ненадеен профит, нов имот и среќна љубов

Read more

Прима во Кавадарци прославува, Прима во Кавадарци подарува

Read more

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Избрана најубавата плажа во Европа

Read more
 

Магазин

Најсреќниот хороскопски знак во јули 2024 го очекува ненадеен профит, нов имот и среќна љубов

Читај повеќе

Сè поголем процент број луѓе во Европа умираат од прекумерно пиење алкохол

Читај повеќе

Mилијарди луѓе во ризик од сериозни болести поради физичка неактивност

Читај повеќе
  • filter

Змијата Роналдо со години немала контакт со други змии, роди 14 бебиња

Читај повеќе

Идеален појадок за слабеење: Ги топи мастите и заситува

Читај повеќе

Прима во Кавадарци прославува, Прима во Кавадарци подарува

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете по 40-тата година за подобро здравје на мозокот

Читај повеќе

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Читај повеќе
  • filter

Избрана најубавата плажа во Европа

Читај повеќе