36 години по нуклеарната катастрофа

Во Чернобил забележани црни жаби „мутанти“

Во близина на нуклеарната електрана Чернобил, 36 години по најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, забележани се црни жаби „мутанти“, пишува Times.

Жабите во овој дел од земјата би требало да имаат светло зелена кожа, но научници кои истражуваат во близина на Чернобил, открија дека овие жаби имаат значително потемен, дури и црн пигмент како дел од еволуирањето во животната средина.

Научници од Шпанија сметаат дека потемната кожа на мутираните жаби можеби им помага да преживеат во забранетата зона. Херман Оризаола од шпанскиот универзитет Овиедо вели дека тој и колегите ги забележале жабите уште првата ноќ од нивниот престој во Чернобил.

„Го баравме овој вид на жаби во близина на нуклеарката и откривме дека многу од жабите се црни. Познато е дека меланинот е одговорен за потемна или црна кожа на многу суштества, вклучително и жабите“, вели тој.

Наведува дека меланинот штити од оштетувања предизвикани од различни видови зрачење, од УВ до јонизирачко – какво што беше во Чернобил.

За потребите на студијата, Оризаола и неговиот соработник Пабло Бурако собрале над 200 жаби мажјаци од 12 различни бари, со различно ниво на зрачење. Откриле дека жабите внатре во зоната на исклучување се потемни од оние надвор.

Потемните жаби имале поголеми шанси за опстанок кога се случила катастрофата во 1986 година и тоа ги направило побројни. Тие полесно можеле да преживеат и да се размножуваат од нормалните, зелени жаби.

„Со текот на времето, а од несреќата минале 10 до 12 генерации жаби, тоа би довело оваа црна жаба да надвладее во забранетата зона. Но, со оглед на тоа што денес нивото на радијација е пониско, не е познато дали црните жаби ќе останат доминантни“, вели научникот.

Студијата е објавена во Evolutionary Applications.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе