Во Јудеја пронајдена нова серија од Свитоците од Мртвото Море

Израелските археолози пронашле нови антички парчиња од библиски ракописи, одлично сочувани во пештера во Јудејската Пустина.

Првичните Свитоци од Мртвото Море беа пронајдени пред околу 70 години, а ова најново откритие Израелците го нарегоа „неверојатно и ретко“.

Израелскиот државен орган за антиквитети објави и видео по повод овој голем археолошки пронајдок:

Ископувањата на овој локалитет, кој се наоѓа во пустината јужно од Ерусалим, почнале во 2017 година, а повод било да се провери пределот кој бил честа мета на крадци на артефакти. Археолозите биле запрепастени од условите внатре во пештерите кои нуделе одлична презервација на античките свитоци стари повеќе од 1500 години.

Новооткриените свитоци содржат текстови на старогрчки јазик од книгите на Захарија и на Наум, а со помош на радиојаглеродно датирање откриваат дека биле создадени некаде во 2 век од новата ера, што ги прави нешто помлади од оригиналните Свитоци од Мртвото Море, познати и како Кумрански ракописи. Археолозите веруваат дека овие нови свитоци припаѓаат на претходно пронајдени фрагменти во Пештерата на ужасот, каде биле најдени заедно со 40-ина човечки скелети некаде во 60-тите години на минатиот век.

Првичните Свитоци од Мртвото Море се серија од антички ракописи пронајдени во 40-тите и 50-тите години на минатиот век за кои се верува дека потекнуваат од периодот помеѓу 3 век пред новата ера и 1 век од новата ера. Тие содржат и најрана позната копија на одредени библиски текстови.

Пронајдените свитоци се претпоставува дека им припаѓале на бунтовници кои пребегале и се сокриле во пештерите на крајот од востанието на Бар Кохба, еврејски бунт против Рим за време на владеењето на императорот Адријан од 132 до 136 година.

Освен свитоците, археолозите пронашле и колекција на монети, делумно мумифициран скелет на дете завиткано во наметка и старо 6 илјади години, како и други работи.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе