Во Кина откриен древен град полн со богатства

На прес-конференција на кинеската Управа за национално културно наследство во Пекинг археолозите открија од каде потекнуваат мистериозните бронзени садови што со децении земјоделците случајно ги откопуваа. Мистеријата од покраината Шаанси долго време ги збунуваше археолозите.

Приказната за овие мистериозни артефакти почнува во средината на XX век кога локалното население при вршење на земјоделски работи пронаоѓаше купови бронзени садови за пиење, парчиња грнчарија со слики, тиркизен накит и парчиња од жад, сето тоа во близина на денешниот град Јулин во покраината Шаанси.

Заинтригирани за нивното потекло, археолозите одлучиле да ја истражат областа и откриле дека на 11 брда и територија од околу 3 километри квадратни се простира локалитет од брозеното време, кој го нарекле Џаигоу. Според направените анализи, артефактите потекнуваат од перидот од пре 3 илјади години, кога со древна Кина владеела династијата Шан.

„Во минатото на ова место се откриени некои гробници и големи градби, но овој пат го откривме комплетното лице на населбата“, рече истражувачот Су Лиангао од кинескиот Институт за археологија, кој е дел од Кинеската академија на науки.

URL
Лулка на древна цивилизација

Модерните провинции Хенан и Шаанси претставуваат лулка на древната кинеска цвивилизација. Над 10 династии за време на бронзеното време на ова место имале свои престолнини. Тоа, според мислењето на експертите, од почеток сугерирало дека на тој простор каде е откриен локалитетот се наоѓал некој важен центар.

Првите ископувања на Џаигоу почнале во јуни 2022 година, а древниот град набрзо бил окарактеризиран како регионален центар. Во него се откопани некои од најбогатите гробници откриени на просторот на Кина, меѓу кои се издвојуваат 9 аристократски - од кои на 7 имало и нагдробни конструкции со пролази.

Централните делови на населбата од бронзено време се направени од набиена земја, техника за градење која подразбирала правење цигли од мешавина на кал. Покрај објектите за домување, ископани се и згради со различни фукции, како занаетчиски работилници со грнчарски печки.

Но, тоа не е сѐ. Најинтересните пронајдоци претставуваат бронзени кочии со останки од коњи, што според мислењето на експерите кои работеле на истражувањето на локалитетот ќе послужат за расветлување на појавата на кочиите во Кина и развојот на овој обичај поврзан со закопување.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе