Во која европска земја луѓето најмногу вежбаат?

А.С.
/ 20.09.2022 / 15:04

Речиси секој втор жител на Европската Унија вели дека никогаш не вежба или спортува, покажува новото истражување спроведено меѓу испитаниците кои живеат во земјите-членки на ЕУ.

Според истражувањето на Евробарометар на ЕУ, бројот на оние кои не вежбаат е зголемен на 45 отсто во споредба со 2009 година, кога 39 отсто од испитаниците одговориле дека не вежбаат. Дополнително, речиси секој петти испитаник или 17 отсто одговориле дека вежбаат помалку од трипати месечно.

Вкупно 32 отсто од жителите на ЕУ вежбаат најмалку еднаш неделно, а само 6 отсто вежбаат најмалку петпати неделно.

Забележана е и географска разлика меѓу испитаниците и склоност кон секаков вид вежбање.

Учесниците во истражувањето кои живеат во северните земји-членки на ЕУ се поактивни вежбачи.

Истражувањето покажа дека вежбаат 71 отсто од Финците, 63 отсто од Луксембуржаните и 60 отсто од Холанѓаните.

Анкетата, исто така, покажа дека 73 отсто од Португалците, 68 отсто од Грците и 65 отсто од Полјаците не се занимаваат со физичка активност и веројатно никогаш нема да се занимаваат.

Студијата покажа дека физички активните жители на Европа се претежно вработени, добро образовани и финансиски стабилни мажи.

Поразителен е фактот дека дури 49 отсто од жените никогаш не вежбаат, наспроти 40 отсто од машките испитаници.

Само 13 отсто од луѓето кои го напуштиле училиштето на 15-годишна возраст (или дури и помлади) вежбаат најмалку еднаш неделно, во споредба со 42 отсто од оние кои го продолжиле своето образование до најмалку 20-годишна возраст или подолго.

Само 22 отсто од невработените испитаници вежбаат најмалку еднаш неделно во споредба со 45 отсто од менаџерите кои редовно вежбаат еднаш неделно.

Истражувањето покажа дека е помала веројатноста посиромашните луѓе, кои имаат потешкотии да ги платат основните сметки за живот (околу 20 проценти од нив), редовно да вежбаат секоја недела во споредба со оние кои немаат такви финансиски потешкотии или речиси никогаш не се среќаваат со нив (36 проценти).

Недостатокот на време е главната причина што ја наведоа испитаниците за да го оправдаат фактот дека не вежбаат (41 отсто), а потоа следи недостатокот на мотивација или интерес (25 отсто).

За време на пандемијата на COVID-19, една третина или околу 34 отсто од испитаниците вежбале поретко, 18 отсто целосно престанале да вежбаат, 34 отсто продолжиле со физичка активност со исто темпо, а 9 отсто го зголемиле бројот на тренинзи.

Тагови
реклама

Руска докторка открива која храна е „гориво за канцер“ по 40-тата година

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Снег во Шведска - 118 години тоа не се случило во овој период од годината

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Фит

Две грешки во исхраната додаваат сантиметри на стомакот

Read more

Кое е најдобро време за вежбање ако целта ви е слабеење?

Read more

Најдоброто месо за билдање мускули

Read more

6 митови и факти за стомачните мускули

Read more
 

Магазин

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Читај повеќе

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Читај повеќе

Колку секс во просек има жената во брак?

Читај повеќе

Модната еволуција на Скопје - спојување на стилот и одржливоста на 27. издание на Моден викенд Скопје

Читај повеќе

Кои се карактерни особини на добрите татковци?

Читај повеќе

Прегледи кои жените не треба да ги избегнуваат после 30-тата година

Читај повеќе

Направете сами: Домашен пилинг против сува кожа на рацете

Читај повеќе
  • play_arrow

Што би се случило ако обична игла удри во Земјата со брзина на светлината?

Читај повеќе

Како да знаете дека е време за нов почеток?

Читај повеќе