Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 30 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 497 лица сомнителни и потврдени на COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, тројца на Институтот за ТБЦ, тројца пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ се примени шест нови болни, а на Очната клиника двајца.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани девет болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациент со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 20 пациенти, а на ОРЛ 24 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 145 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 43 пациенти.

Вкупно 497 пациенти потврден и сомнителни на COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, изутринава до 8 часот имало 30-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе