Англиските медиуми наведуваат дека познатиот клуб се бори со епидемија и дека има дури 19 позитивни случаи на коронавирус.
Останува да се види дали ќе мора да биде одложен натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед против Брајтон во сабота.
Црвените ѓаволи требаше во вторник да играат натпревар во Премиер лигата против Брентфорд, но тој беше одложен поради присуство на коронавирус во редовите на Манчестер Јунајтед.
Новите тестирања вчера покажаа нови позитивни случаи на Олд Трафорд. Не се споменува колку од нив се фудбалери.