Во препев #2 ‒ промоција на три стихозбирки од едицијата „Гравири“ на „ПНВ Публикации“

Вечерва, 26 септември, во киното „Фросина“ во соработка со Младинскиот културен центар ‒ Скопје со почеток од 19 часот ќе се одржи промоција на три стихозбирки од едицијата „Гравири“, едиција за современа европска поезија, на „ПНВ Публикации“ од Скопје. Станува збор за стихозбирките „Земјата под абажур“ од Драгослав Дедовиќ (Србија), „САНГ“ од Ален Брлек (Хрватска) и „Полето“ од Мартин Глаз Серуп (Данска).

Настанот ќе содржи поетско читање и разговор за предизвиците и задоволствата од преведувањето на делата помеѓу преведувачите Јовица Ивановски, Ѓоко Здравески и Јулијана Величковска, и авторите Драгослав Дедовиќ, Ален Брлек и Мартин Глаз Серуп.

„По успешниот настан „Во препев #1“ на кој синоќа беа промовирани книгите „На околу два и пол часа од рајот“ од Имануел Мифсуд (Малта), „Слободата чекори гола“ од Марам ал-Масри (Франција/Сирија) и „13 Хрватски поети: избор од современата хрватска поезија“, преку песните на Лана Деркач, се надеваме дека  публиката повторно ќе се охрабри и активно ќе се вклучи со пишување свои стихови или со препев на некоја од песните на авторите на некој од странските јазици што ги познаваат, како што беше случај синоќа за време на паузата, помеѓу делот со читањето и разговорот. Сметам дека непосредната комуникација со публиката и бришењето на таа невидлива граница што ги омеѓува сцената и аудиториумот е клучна и нужна за авторот и делото вистински да допрат до своите читатели, што воедно се или можеби ќе бидат и идни писатели или преведувачи“ ‒ изјави Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник на „ПНВ Публикации“.

Настанот е поддржан од „Традуки“ и од Данскиот фонд за уметност, а е во соработка со Хрватското друштво на писатели (ХДП) со кое „ПНВ Публикации“ склучи билатерална соработка за книжевна размена.

Драгослав Дедовиќ (1963, Земун) објавил 11 книги поезија, меѓу кои: „Kафе Суматра“, (Сараево, 2005), „Динарски Буда“ (Белград, 2008), „Усвитување“ (Нови Сад, 2013), „Земјата под абажур“ (Сараево, 2021). Лириката му е препеана на повеќе јазици, неколкупати е наградуван. Застапен е во антологии на српската, на босанскохерцеговската и на светската поезија. Од германски има преведено десетина прозни дела, како и лирика на низа современи германски поети.

„Земјата под абажур“, во препев на Јовица Ивановски беше издадена годинава со поддршка на Традуки.

Ален Брлек (1988, Загреб) пишува проза и поезија. Автор е на стихозбирките „Метакморфози“ (2015, Алгоритам; 2013 награда „На врх језика“), „Пратишина“ (2017, Контраст, Белград; второ издание 2012, Фрактура, Белград) и „Санг“ (2019, ХДП; награда „Мали Квирин“, во финале за наградите „Тин Ујевиќ“ и „Иван Горан Ковачиќ“). Збирките претставуваат трилогија на умот, духот и телото. Песните му се преведени на повеќе јазици и застапени се во неколку антологии на хрватската поезија. Во 2022 година избор песни е преведен и објавен на француски јазик од издавачката куќа Galerie – Librairie Lollave. Дел е од „Версополис“ и од музичко-поетскиот проект „Зарон“ заедно со Дарко Шепаровиќ, Емил Андреис и Луција Бутковиќ.

Неговата поезија на македонски во препев на Ѓоко Здравески е објавена во стихозбирката „Санг“ и во збирката „13 Хрватски поети: избор од современата македонска поезија“, обете годинешни изданија на „ПНВ Публикации“, поддржани од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска.

Мартин Глаз Серуп е роден во 1978 година и живее во Копенхаген, Данска. Автор е на многу книги за деца, на книжевни критики, есеи и проза, како и на девет стихозбирки, меѓу кои најновата е „Бескрајно лето“ (2020), а веројатно најпозната на меѓународно ниво е поемата „Полето“ (2010), што досега е објавена во девет земји и е неговата првообјавена книга на македонски јазик. Препевот од англиски е на Јулијана Величковска, а книгата, со поддршка на Данската фондација за уметност е издадена од „ПНВ Публикации“, Скопје.

реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Култура

7 декември 1993 година, почина Блаже Конески

Read more

Недела на полски филмови во Кинотека со 5 филма на Сколимовски

Read more

Македонска филхармонија ќе свири класика овечковечена на големото филмско платно

Read more

Томислав Османли добитник на книжевната награда Донат за животно дело

Read more
 

Вести

Ужас во центарот на Белград: Судир на трамвај и такси

Читај повеќе

Јужна Америка пред ескалација: Мадуро потпишува закони за анексија на делови од Гвајана

Читај повеќе

Полицијата го најде 20-годишникот кој канеше на кафе ученичка во Карбинци, не утврдила елементи на кривично дело

Читај повеќе

Топлотен бран ја погоди Австралија: Речиси 15°C над просекот во Сиднеј

Читај повеќе

Нацрт-резолуција: Израел мора да ги почитува хуманитарните обврски

Читај повеќе

ЕУ се договори како ќе ја регулира вештачката интелигенција

Читај повеќе

Сончево и студено, попладне облачноста ќе се зголемува

Читај повеќе
  • filter

Спречен шверц на повеќе од 500 делови за камиони

Читај повеќе

ЦУК: Најбарана Итната медицинска помош со 51% од реалните повици на 112

Читај повеќе