Во сабота по 13-ти пат фестивалот Здраво млади во МКЦ

Во сабота, 23 септември, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи 13-тото издание на мегапопуларниот фестивал Здраво млади.

На неколку бини организаторот на посетителите ќе им понуди многу различни изведувачи и видови музика со гости од соседството и пошироко.

Некои од настапувачите, како што ги опишува органиозаторот:

PVA од Лондон, колку сме среќни дека го иамме бендов, не сте свесни. Најверојатно последниот воз да го гледаме бендов у МКЦ, многу скоро ќе полетаат накај вселената.
THE MAUSKOVIC DANCE BAND, фантастична кумбиа, мејд ин Амстердам. Поправен за скопска публика, беа на Cinedays 2018.
VOJKO V, трета среќа. Го одложувавме два пати, сега нема каде да бега, Војко Вручина за прв пат во МКЦ.
PLANET OPAL хроматско пулсирачко space дуо од Италија.
ESCAPE-ISM е проект на Ian Svenonius, а Ian Svenonius е пеач во Make-Up, Chain and the Gang, Nation of Ulysses. Ако сте го пропуштиле тој час по музичка историја, еве ви шанса за поправен.
DOPE KUKJATA е супер забавна скопска рапп дружина. Добри дечки. Уште подобри лајв.
YMNK работи на струја, а повремено свири и гитара, а е одличен во живо.
MY TEAR, искрено, солза пуштивме кога го договоривме ова култно скопско трио, со мала измена во поставата, ќе го претстават новиот албум. Едвај чекаме!
ZHIVA, нова и надежна српска соул r'n'b звезда.
NEMANJA од Хрватска, global psychadelic grooves, го промовираат новиот албум Voodoo beat.
КАЛАТА, најверојатно еден од најдобрите нови македонски бендови. Гарантиран квалитет!
ĐUTKO I PLODOVI ZEMLJE кралот на агро поп панкот, мајстор на фешти, после 4 гемишта сѐ е рамно, вклучувајќи го и Велебит.
YOLANDE BASHING Une chanson électro entre mélancolie excitée.
THE OMY експлозивен бенд во живо, Москва виа Белград, артисти на пат.
DJ FITZ DJ FITZ DJ FITZ DJ FITZ, овој пат со два локални помошници Ертунч Сали и Ајнур Касо.

Други кои ќе настапат се и португалската пејачка и мултиинструменталистка Rita Braga, како и диџеите JD Zazie, Margaret Unknown и Елизабета Костадиновска.

Билетите можат да се купат на билетарницата на МКЦ, но и онлајн на bileti.mkc.mk. 

Организаторот соопшти и дека сите оние што набавиле билети за откажаниот концерт на VOJKO V во март, со истите ќе можат да влезат на Здраво млади 13. Нема потреба од замена и издавање на нови билети.

Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
реклама

Детална астро анализа до 31 мај за секој хороскопски знак

Read more

Надзорните камери на трговскиот во Харков го снимија моментот на нападот, 16 мртви

Read more

Која храна треба да ја јадеме често за природно зајакнување на имунитетот?

Read more

Зелката е новата суперхрана на годината

Read more

МК сцена

Режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од Пред дождот на Милчо Манчевски

Read more

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more
 

Сцена

Трејлерот за новиот филм со Блејк Лајвли е прегледан повеќе од 222 милиони пати

Читај повеќе
  • play_arrow

Селин Дион низ солзи зборуваше за ретката болест: Ако не можам да одам, ќе ползам

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеј Ло затечена од новинар кој ја праша за разводот од Бен Афлек

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер со Лиам Хемсворт како Witcher, сите го коментираат истото

Читај повеќе
  • filter

Деми Мур по 25 години се врати во Кан, публиката ѝ аплаудираше 13 минути

Читај повеќе

Полициска истрага за смртта на Метју Пери: Кој му го дал кетаминот?

Читај повеќе

The Rock изгледа непрепознатливо во неговата нова улога

Читај повеќе
  • play_arrow

Новинар ја изненади Ема Стоун кога ѝ се обрати со вистинското име

Читај повеќе
  • play_arrow

Филмот за Доналд Трамп разгоре контроверзии во Кан

Читај повеќе