Во Словенија повторно се живее „нормално”

Убавото време и укинувањето на повеќе ограничувања донесени поради епидемијата на коронавирусот се причина Словенија по подолго време да помине релативно „нормален” ден, јави дописникот на МИА од Љубљана.

По речиси два месеца, како и низ целата држава така и во Марибор повторно беа отворени кафулињата и рестораните. Почитувајќи ги сите мерки на Националниот институт за јавно здравје, граѓаните повторно можеа надвор од своите домови да испијат кафе или да ручаат. Отворени се само надворешните делови, односно терасите од објектите, а на иста маса можат да седат само членови на исто семејство. Персоналот задолжително носи заштитни маски, а истото треба да го сторат и гостите кои сакаат да влезат во внатрешниот дел од угостителските објекти за да одат во тоалет.

Според тоа каква беше сликава утринава во главниот град, по сè изгледа на граѓаните во Љубљана најмногу им недостасуваа фризерските салони. Редовите пред овие објекти се направија поради тоа што за нивната работа сега важат строги протокли.

Така на пример, за да се дојде на фризер неопходно е претходно телефонски да се закаже термин, а во објектот не смее да се влезе доколку сè уште некој има внатре. Фризерите задолжително мораат да носат визир, заштитна маска и ракавици.

Во Словенија денеска, втор ден по ред, не се регистрирани нови случаи на новозаразени со коронавирусот. Според најавата на Владата, набрзо ќе биде активиран и јавниот превоз, но како и за сè друго и таму ќе важат строги мерки со цел спречување на повторното ширење на вирусот. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе