Во Струмица ќе никне најмодерниот терен со вештачка трева

ФФМ во соработка со УЕФА започна со изградба на фудбалски терен со вештачка трева во комплексот на Горан Пандев во Струмица кој треба да биде најмодерниот во земјава.

Се работи за проект како дел од „Hat Trick III“ програмата на УЕФА за подобрување на инфраструктурата на земјите во развој. Вештачката трева која ќе биде поставена во Струмица ќе биде од најновата генерација без оние ситни гумички.

„Сите ние сме исклучително благодарни за посветеноста на Горан Пандев кон македонскиот фудбал, како и неговото вложување во младите таленти, академијата и придонесот во развојот на нашиот фудбал. Изградбата на терен со вештачка трева за потребите на Академија Пандев е еден вид признание од соработниците и институцијата која го води нашиот фудбал кон тоа што Горан и Академија Пандев инфраструктурно го изградија во Струмица“, вели генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

„Инвестициите од овој тип се клучни за развојот на фудбалот, а ние во Фудбалската федерација на Македонија сме подготвени позитивните искуства да ги претвориме во долгорочна соработка со сите поврзани субјекти, во правец на создавање на услови за развој на фудбалот, почнувајќи од најмладите категории, па сѐ до професионалниот фудбал“, завршува тој.

Во моментов се врши реновирање на стадионите во Прилеп, Битола, Кавадарци, Чаир и Џепчиште, а наскоро ќе почнат работите и во Штип.

Фото: ФФМ

Тагови
реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе