Сè уште нема официјални информации за тоа кога ќе продолжи сезоната во НБА, но комесарот Адам Силвер даде некои појаснувања.
Во случај на враќање, играчите ќе бидат тестирани секој ден за коронавирус, а доколку има некои позитивни, сезоната нема да запре повторно. Ова самиот Силвер го кажал во синоќешниот разговор со Здружението на играчи.
Исто така, можно е да нема навивачи на трибините до крајот на оваа сезона.
Доколку се донесе таква одлука, тоа ќе чини 40 отсто од буџетот во НБА, но ќе овозможи да се играат натпревари.