ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПЕКИНГ 2022

Во телото на Валиева нашле 3 лекови за срце: Заедно прават чуда за спортистите

Руската 15-годишна лизгачка Камила Валиева се истакна како најконтроверзна ѕвезда на Зимските олимписки игри во Пекинг, а сега се откриени детали од скандалот кој се заканува да ја засени најубавата бајка од овогодинешните Игри.

На 25 декември минатата година, на Руското првенство, Валиева беше позитивна на недозволени средства, но наодите беа објавени дури по почетокот на Игрите, каде што таа го освои златото во екипна конкуренција. Медалите сѐ уште не се поделени, додека не се разреши нејзиниот случај, а организаторите ѝ дозволија да настапи во поединечна конкуренција, каде што е лидер пред слободната програма. Доколку освои медал во петок, нема да може да го добие додека не се разреши случајот.

Три лекови за срце заедно ја зголемуваат издржливоста и ефикасноста

Наодите од лабораторијата од Стокхолм сега се објавени, а The New York Times тврди дека тие содржеле три различни супстанци, вклучително и лекови за срце. Покрај контроверзниот триметазидин (ТМЗ), во телото на Валиева биле пронајдени и траги од хипоксен и Л-Карнитин. Сите три лекови ги користат пациентите со ангина за да го подобрат протокот на крв и да го забрзаат срцето кога му недостасува кислород.

„Тоа е мешавина од три супстанции, од кои две се дозволени, а една не“, објасни шефот на Американската антидопинг агенција Тревис Тајгарт и додаде дека таквата мешавина го намалува заморот и ја зголемува издржливоста и перформансите на спортистите.

Валиева тврди дека нејзиниот дедо користи ТМЗ, кој е забранет за спортистите, но дека не знае како ѝ влегол во телото и дека најверојатно го земала по грешка. Дедо ѝ даде видео изјава во која потврдува дека го користи тој лек.

Експертите ја исклучуваат можноста супстанцата да ја внела преку плунка или кожа

Истовремено The New York Times започна сопствена истрага за случајот и разговараше со голем број експерти и аналитичари, кои ја отфрлија веројатноста дека Валиева внела траги од ТМЗ во нејзиното тело затоа што пиела од чашата на нејзиниот дедо како многу малку веројатно, а тоа дека ја апсорбирала преку нејзината кожа го именуваа како преседан.

„Трагите можеа да се најдат на тестот само ако внела мала количина непосредно пред тестот или ако супстанцијата била изложена долго време“, објасни др. Доналд Лојд-Џонс, еден од водечките американски експерти за срцеви заболувања.

До разрешување на случајот, Валиева доби дозвола да се натпреварува во поединечна конкуренција, но нема да добие медал доколку го освои, барем додека не се докаже дека е чиста. За време на настапот во задолжителната програма се расплака и направи неколку грешки, но сепак заврши со најдобра оценка.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе