Водителките во Авганистан сепак ги покрија лицата

Водителките на главните авганистански телевизии денеска се појавија на екраните со бурка што им ги покрива лицата, еден ден откако се спротивставија на наредбата на талибанците да го сторат тоа.

Откако се вратија на власт минатата година, талибанците повторно воведоа низа ограничувања за граѓанското општество, од кои многу се ограничувања на правата на жените.

На почетокот на мај највисокиот лидер на талибанците издаде наредба со која се бара од жените во јавноста да мора да бидат целосно покриени, што го вклучува и лицето, а за тоа идеална е традиционалната бурка.

Порано беше доволно жената да носи шал за да ја покрие косата.

Сличен декрет важеше и за време на претходното владеење на талибанците од 1996 до 2001 година.

Авганистанскиот министер за промовирање на доблест и спречување на пороци им нареди на телевизиските водители од телевизиите TOLOnews, Ariana Television, Shamshad TV и 1TV од вчера да мора да ја почитуваат оваа наредба на лидерот на талибанците. Тие, меѓутоа, првично, вчера, одлучија да не ја извршат наредбата, излегувајќи на телевизиите без покриено лице, но денеска се премислија и носеа бурка, со која им се гледаат само очите.

Водителката на телевизијата TOLONEnews изјави дека тие се спротивставиле и сè уште се против носењето бурка, но дека телевизијата била под притисок на талибанците, кои им соопштиле дека секој водител кој ќе одбие да го стори тоа, ќе треба да бара нова работа и да работи нешто друго.

Портпаролот на Министерството за доблест и спречување на пороците изјави дека властите немале намера да ги принудат водителките да ги напуштат своите работни места.

-Задоволни сме што телевизиите правилно ги исполнија своите обврски, изјави тој за француските медиуми.

Талибанците претходно наредиле жените кои работат во владата да бидат отпуштени доколку не го почитуваат новиот кодекс на облекување. Вработените мажи, исто така, можат да бидат суспендирани доколку нивните сопруги или ќерки не ги почитуваат овие наредби.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе