Водопад за добредојде на патниците во Скопје
„Природен“ водопад на влезот од Меѓуградската австобуска станица во македонската метропола се обидува да ги одврати патниците да го напуштат градот.
Секој дожд или снег за оние кои ја посетуваат автобуската или минуваат низ неа претставува предизвик како да се помине, а да не се искисне.
А, пак, за туристите кои штотуку пристигнале и излегуваат од станицата - ги очекува неверојатна глетка.