Војна на тастатурите: Како да победите во секоја расправија на интернет?
Сите сме се нашле во ситуација да ги браниме нашите ставови во онлајн расправија, без разлика дали е тоа на форум, во коментари на Фејсбук или во бескрајна низа твитови.
Меѓутоа, расправиите на интернет најчесто немаат победник, а и вие се чувствувате полошо на крај иако сте ги изложиле сите свои најдобри аргументи, сте биле пристојни и се држевте на темата.
Коди Гох од Curiosity.com научно објаснува што се предрасуди кога станува збор за потврдување на аргументите, што значи ефектот на „со свој камен по глава“ и што е мотивирано резонирање. Сите овие работи ќе ви помогнат подобро да аргументирате во онлајн расправија, па дури и да разубедите некого на крај.
Војната на тастатурите може да почне!