Volkhart V2 Sagitta од 1947: Побрз од куршум и поаеродинамичен од Golf 7

Во огромниот автомобилски свет, постојат ретки и во исто време генијални автомобили од одреден период за кои не се зборува многу. Ви ја пренесуваме приказната за една заборавена класика од 40-тите години на минатиот век.

1940-тите најдобро се паметат по Втората светска војна, која принуди многу производители на автомобили привремено да се префрлат од производство на автомобили на склопување воена опрема, како што се тенкови и бомбардери. Се чини дека оваа тема е табу тема кога станува збор за германските возила, особено за оние како нејасниот Volkhart V2 Sagitta од 1947 година. Овој модел имаше неколку револуционерни дизајнерски решенија кои се фасцинантни, со оглед на времето кога биле создадени.

Sagitta - стрела на грчки

Автомобилот всушност го добил името по Курт Ц. Фолкхарт - инженер и дизајнер на иновативни идеи, кој дошол на идеја да го создаде ова флуидно возило и исто така бил вклучен во автомобилите на Opel со ракетен погон RAK1 и RAK2 од 1928 година. Целта била да се направи брз автомобил кој ќе служи како курирско возило на германското воздухопловство - Luftwaffe. Автомобилот морало да биде мал, лесен, евтин, но и едноставен и сигурен. Навистина немало друга опција освен да се користи шасијата и погонот на Буба (Kdf Wagen). Развојот започнал околу 1942 година, но проектот бил реализиран дури во 1947 година. Автомобилот го доби името V2 Sagitta, а Sagitta е грчкиот збор за стрела, многу соодветно име со оглед на формата и брзината на автомобилот.

Идентичен мотор како во Буба

Уште во почетокот на својот живот, Volkswagen Type 1 (вистинското име на Буба) се користел како основа за возила кои биле повеќе ориентирани кон перформансите. Volkhart V2 Sagitta бил еден од првите автомобили базиран на евтината Буба. Да бидеме попрецизни, V2 се базирал на Kdf Wagen Type 60 - моделот кој бил првата верзија на Буба, која била произведена помеѓу 1937 и 1944 година во само 60 примероци. Поради ова, денес Volkhart често се нарекува Kdf Wagen Type 60, исто како и автомобилот на кој се базирал.

Моторот што се користел во V2 Sagitta бил речиси идентичен со оној што се користел кај донаторот Kdf Type 60. Тоа значело боксер мотор со воздушно ладење од 1,1 литри (1.131 кубика), кој развива 24,5 КС при 3.300 вртежи во минута. Со слаб боксер V2 можел да повлече до 138 км/ч, бидејќи рафинираната аеродинамика го компензирала недостатокот на моќност.

Елегантната алуминиумска каросерија на Volkhart V2 била дизајнирана од инженерот-аеродинамичар барон Р. Кениг фон Фахсенфелд, кој подоцна продолжил со работа на многу од модерните автомобили за Opel, Adler и BMW. Исто така направил и аеродинамичен тест автомобил за производителот на гуми Fulda, базиран на Maybach SW38, за тестови со брзина од 200 км/ч. Каросеријата на Sagitta тогаш ја изградил Хелмут Фухс Нидервенингерн/Рур. Благодарение на инженерската вештина и мајсторството на двајцата инженери, крајниот резултат бил исклучително аеродинамична каросерија со коефициент на отпор од само 0,165 Cd.

Побрз од куршум и поаеродинамичен од Golf 7 и Mercedes CLA

Во 1938 година, Porsche го произвел Type 64. Во суштина, тоа бил тест прототип на Porsche и се смета за првиот автомобил што некогаш го носел името Porsche, а во исто време и претходник на првиот сериски модел 356. Со него Фердинанд Порше докажал дека бил мајстор за аеродинамика. Type 64 имал коефициент на отпор од само 0,20 Cd - извонредно достигнување за тоа време. Сепак, „Стрелата“ на баронот Фон Фахсенфелд, како инженер специјализиран за аеродинамика, го прифатила предизвикот против Porsche. Иако моторот Type 64 произведувал 32 КС при 4.000 вртежи во минута и достигнувал максимална брзина од 142 км/ч, може да се каже дека Volkhart бил поаеродинамичен и релативно побрз од Porsche, и покрај помалата моќност. Покрај тоа, Type 64 бил над 250 кг полесен од креацијата на Фолкхарт. Porsche имало маса од само 615 килограми, додека Volkhart V2 Sagitta тежел 880 килограми. Ова покажува колку тогаш била важна аеродинамиката, особено при големи брзини.

Кога VW го измери коефициентот на отпор на овој течен скапоцен камен според сегашните стандарди во неговиот тунел за ветер во Австрија во 2013 година и го спореди со Golf 7, резултатите беа зачудувачки. Volkhart V2 покажа коефициент на отпор од само 0,217 Cd, додека Golf 7 беше помалку ефикасен со 0,27 Cd, а полош резултат имаше Mercedes CLA со 0,22 Cd. Дури и денешниот предводник на Tesla - Model S има малку подобар коефициент со неговите 0,208 Cd.

Направени само два примерока

Проектот за брз курирски автомобил за германските воздухопловни сили никогаш официјално не заживеал. Поради војната, проектот бил прекинат. И иако продолжил по војната, Volkhart V2 Sagitta на крајот бил произведен во само два примерока. Како и да е, автомобилот успеал да докаже дека дури и во време на големи светски конфликти е можно да се направи револуционерно возило. За жал, никогаш не стигнал до сериско производство, делумно поради одбивањето на Volkswagen да ја испорача шасијата, а можеби тоа било намерно исценирано, бидејќи дизајнот на баронот Рајнхард ја засенил гордоста на Porsche.

Денес вредноста на овој модел се мери во милиони. На последната продажна изложба, Voklhart V2 беше понуден со почетна цена од 1,8 до 2,6 милиони евра, но беше повлечен пред официјалната аукција.

реклама

Кромидот останува свеж еден месец подолго ако се чува на правилно место

Read more

Apple стави крај на продажбата на три модели на iPhone

Read more

Три нови функции на Viber кои нема да сакате да ги пропуштите оваа есен

Read more

Како ѝ оди на Австралијката која си зададе предизвик да спие со 600 мажи до 2025?

Read more

Концепти

Renault го претстави новиот R17 Restomod, електричен концепт инспириран од 70-тите

Read more

Carbon Piranha е рестомод базиран на легендарниот модел Ford Sierra RS500

Read more

Pininfarina B95 Gotham изгледа како Batmobile и чини 4,9 милиони евра

Read more

Lanzante го претвори Porsche 935 во чудовиште легално за патиштата

Read more
 

Автомобили

Револуционерните Mercedes батерии го зголемуваат опсегот на електричните автомобили за 80%

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Nissan Qashqai го собори Гинисовиот рекорд за највисок банџи скок на автомобил

Читај повеќе

BMW и Toyota ќе го претстават првиот заеднички модел на водород во 2028 година

Читај повеќе
  • filter

Реставриран најстариот Bentley T-Series во светот

Читај повеќе

Pirelli и Bosch најавија соработка за развој на „паметни“ гуми

Читај повеќе

Volkswagen повторно ги покачува цените на повеќето модели

Читај повеќе
  • filter

Hennessey Venom F5-M е најмоќниот автомобил во светот со рачен менувач

Читај повеќе
  • filter

BMW M5 е новиот safety car во MotoGP шампионатот

Читај повеќе

Во кои брендови најмногу веруваат возачите кога купуваат половен автомобил?

Читај повеќе