Volkswagen Golf годинава го слави својот 50-ти роденден, а прославата почнува со обновена верзија на моделот од осмата генерација која ќе биде претставена наскоро.
Volkswagen објави камуфлирани фотографии од редизајнираниот Golf Mk8.5 GTI. Oд фотографиите се забележуваат физички копчиња на управувачот, за разлика од хаптичките на допир кои ги имаше „осумката”.
Унапреден е и инфотејмент системот кој сега има поголем екран и осветелни лизгачи за подесување на звукот или температурата.
Промените во надворешноста носат благо редизајнирана предница со „поостар” браник, а се чини и дека има осветлена линија по цела должина.
Неофоцијално, има промени и на задните светла, како и понагласен дифузер.
Технички податоци уште нема, но очигледно дека редизајнираниот GTI ќе го движи истиот 2.0 литарски мотор со пет цилиндри.