Volkswagen објави тизер за новиот T-Cross
Германската компанија Volkswagen објави нов тизер за субкомпактниот кросовер наречен T-Cross, кој како што изгледа, ќе го привлече вниманието на автомобилската индустрија, но и на потенцијалните купувачи.
Фабричките модели ќе бидат достапни во 12 бои на екстериерот, а ќе имаат и можност за одбирање помеѓу две бои на ентериерот, бидејќи од Volkswagen знаат дека е многу тешко да се задоволи сечиј вкус.
Volkswagen T-Cross ќе ја доживее неговата премиера оваа есен, а ќе почне со продажба во Европа веќе на пролет. Иако претходно беше најавено дека Volkswagen ќе го претстави овој модел на Саемот за автомобили во Париз овој октомври, сепак изгледа сѐ помалку веројатно дека тоа ќе се случи.