Кросоверите се многу популарни во денешно време, а овој тренд продолжува да го следи и компанијата Volkswagen која го најави новиот модел за европскиот пазар.
VW во Европа има 7 кросовери: ID.4, T-Roc, T-Roc Cabriolet, T-Cross, Tiguan, Tiguan Allspace и Touareg, а наскоро ќе им се приклучи и новиот кросовер под назив Taigo.
Taigo беше најавен со тизери, а наликува на кросоверот Nivus кој пред 1 година беше претставен за бразилскиот и аргентинскиот пазар.
Од VW е соопштено дека Taigo ќе биде претставен ова лето, а продажбата ќе започне кон крајот на годината.
Ќе се произведува во Шпанија, а ќе биде опремен со ЛЕД светла и TSI турбо дизел мотори.