Volvo има „коњ за трка“ во конкуренција на BMW и Mercedes

Volvo подготвува нов флегшип SUV како замена за XC90.

Новиот SUV од компанијата Volvo ќе ја носи ознаката XC100 и ќе биде директен ривал на BMW X7 и Mercedes GLS.

Volvo развива нова верзија на платформата за големи автомобили наречена SPA2. Актуелната SPA платформа се користи за моделите 60 и 90, но не е погодна за модели поголеми од актуелниот XC90. Доколку компанијата сака да им конкурира на SUV моделите на Mercedes и BMW, тогаш XC100 мора да користи новоразвиена платформа.

Платформата SPA2 ќе биде наменета за автомобили долги до 5,5 метри, а третиот модел на Polestar, што ќе биде голем целосно електричен SUV, ќе го користи во иднина.

Новиот модел се развива под кодно име V616. Бројот 6 го означува прототипот како најголем модел во понудата на Volvo, број 1 значи дека станува збор за прва генерација, а втората „шестка“ е кратенка за каросеријата на СУВ возилото.

XC100 ќе биде 30 милиметри подолг од сегашниот XC90 и малку подолг дури и од BMW X7. Неговата должина ќе биде 5,2 метри, а ќе бидат продолжени и меѓуосовинското растојание и суспензијата на задната оска. Со ова ќе се добие повеќе простор за нозете во вториот ред седишта, како и во вкупниот простор во третиот ред на седишта и во багажникот.

Новиот XC100 ќе користи мешавина од погонски опции, основните модели ќе користат моќни бензински мотори со блага хибридна технологија, а алтернативи ќе бидат plug-in хибриден и целосно електричен погон.

Овој модел се очекува во 2022 година.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе