Вртлог на површината на Сонцето ги збунува научниците

Астрономите се воодушевени од вртлог што се појави во близина на северниот пол на нашето Сонце, но сè уште нема објаснување за неговото потекло.

Сонцето не престанува да нè изненадува, а најновиот пример за тоа е неверојатниот сончев вртлог забележан од научниците на НАСА. Оваа необична глетка е резултат на плазмата на Сонцето, која се одвоила од површината и потоа како торнадо се вртеше околу северниот пол на нашата ѕвезда, оставајќи ги научниците зачудени.

Овој неверојатен настан го посочи Тамита Сков, научник за истражување во непрофитната корпорација Aerospace и наградуван едукатор, која на својот Twitter профил сподели видео од опсерваторијата Solar Dynamic на НАСА.

Самиот вртлог се појави над географската широчина на Сонцето од 55 степени, но ова не е првпат научната заедница да го забележи овој редок феномен. Скот Мекинтош, соларен физичар и заменик-директор во Националниот центар за атмосферски истражувања, рече дека сончевиот вртлог се појавува на истото место за време на секој сончев циклус. Сепак, ова е првпат астрономите да видат вртлог од ваков калибар, што збуни многумина во научната заедница.

Сонцето следи 11-годишен циклус на активност, а според Мекинтош, вртлогот се појавувал на околу 55 степени географска широчина за време на секој сончев циклус откако биле направени набљудувања на нашата ѕвезда. Иако сè уште нема објаснување зошто се појавува, астрономите веруваат дека овој феномен е поврзан со начинот на кој Сонцето го менува своето магнетно поле.

Мекинтош вели дека многу астрономи се прашуваат зошто вртлогот се појавува на тоа место, потоа се движи кон полот и исчезнува, повторувајќи го овој процес на секои неколку години, но сè уште нема одговор.

Сепак, се надеваме дека претстојните проекти, како што е Solar Orbiter што ќе го лансира Европската вселенска агенција, ќе им помогнат на научниците подобро да го разберат овој феномен, бидејќи разбирањето на сончевата активност може да нè заштити од исклучително опасни соларни бури.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Вести

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Read more

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Read more

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Read more

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Read more
 

Гик

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе

Што може да направи Xbox Series X, а PlayStation 5 не може?

Читај повеќе