ДФБ ПОКАЛ 2023/2024

Второлигашот Кајзерслаутерн стави крај на куп бајката на третолигашот Сарбрикен

Заврши овосезонската бајка на Сарбрикен во Купот на Германија. Третолигашот ги исфрли Баерн, Ајнтрахт, Борусија, но синоќа на домашен терен беше поразен од Кајзерслаутерн со 2:0, па второлигашот стана првиот финалист во овосезонскиот ДФБ куп.

Сарбрикен пишуваше бајка, беше на чекор до финалето откако во полуфиналната жрепка го извлече второлигашот Кајзерслаутерн, но не успеа да направи уште еден подвиг, иако овој пат имаше полесен противник.

Авантурата на Сарбрикен почна преку Карлсруе, па славниот Баерн, Антрахт од Франкфурт, Борусија од Менхенгладбах и по три елиминирани бундеслигаши запре кај второлигаш. На преполниот „Лудвигпарк“ стадионот гостите од Кајзерслаутерн ја замолкнаа публиката кога во 53. минута Марлон Ритер донесе водство, а во 75-тата малискиот интернационалец Алмами Туре стави печат на победата од 2:0.

Но, и Кајзерслаутерн сезонава има убава куп приказна. Прво почна со елиминацијата на Кобленц, продолжи со Келн, па Нирнберг, Херта и сега преклу сарбрикен е во финалето. Клубот од „Фриц Валтер“ стадионот нема играно финале од сезоната 2002/2003 кога загуби, а последната кјуп титула му е во 1995/1996. Има вкупно две, другата му е од 1989/1990.

URL

А, пак, Сарбрикен никогаш не играл куп финале. Ова беше петти пат како стигнува на чекор од финалето и потклекнува. Претходниот пат беше неодамна, во сезоната 2019/2020 кога имаше полесен пат и се сопна на првата сериозна пречка - Баер Леверкузен.

Инаку, Кајзерслаутерн во 2.Бундеслига се мачи и грчевито се бори за опстанок. Куп фианлето е дефинитивно спас на сезоната. Заспаниот џин откако во сезоната 2005/2006 испадна од Бундеслигата на кратко се врати во 2010-2012, а потоа од 2018/2019 дури беше и третолигаш. Од лани повторно е меѓу второлигашите. Има 4 титули шамион на Германија (1951, 1953, 1990/1991 и 1997/1998)

Сарбрикен не е ништо подобар - се наоѓа на средината на 3.Бундеслига без шанси за вклучување во борбата за промоција.

Вечерва ќе се добие вториот финалист по дуелот помеѓу Баер Леверкузен и Фортуна. Финалето е закажано за 25 мај од 20 чаост на „Олимпиаштадион“ во Берлин.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more
 

Спорт

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе