Вучиќ: Смрзнав, затоа ќе бидам краток

Имаме договор кој го потпишавме со Pfizer кога нарачавме голема количина вакцини. Всушност направивме билатерален договор со Pfizer согласно кој немавме право на никаков начин да ги оттуѓуваме вакцините. Токму тоа беше причината што доцни примопредавањето на вакцините, порача денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин Прешево-Табановце.

-Ние не можевме да ги донесеме сите вакцини, бидејќи сите земји, а и некои фирми работат на заштита на своите производи. Затоа моравме на Pfizer да му дадеме посебни гаранции дека ќе му го гарантираме начинот на транспорт на вакцините и дека вакцините ќе бидат исти како кога ние ги презедовме, рече Вучиќ во одговор на прашање по примопредавањето на 4.800 од предвидените 8.000 вакцини на Pfizer против COVID-19.

Има и земји, посочи, кои водат геополитички прашања на таков начин што велат ние сме тие кои одлучуваме. Не може Србија, ако добро се снашла, да одлучува каде ќе ги дава. Токму тоа беше проблемот во договорот поради што доцнат вакцините.

-Мене денеска ни малку не ми одговараше да доаѓам тука, но синоќа видовме дека ги завршивме сите процедури и веднаш се слушнавме со премиерот Заев и реков ајде да се сретнеме за луѓето што побрзо да ги добијат вакцините, бидејќи не им е грижа дали мене ми се доаѓа или не ми се доаѓа денеска. Така што навистина побрзавме и дадовме сѐ од себе и тргнавме накај границата за да стигнеме навреме веднаш кога добивме дозвола, потенцира Вучиќ.

„Јас смрзнав, па затоа ќе бидам краток“, рече Вучиќ и додаде дека е среќен што ѝ подариле вакцини на Северна Македонија.

 

Заев: Примопредавањето на вакцините огромна солидарност и искрен чин на пријателство

Премиерот Зоран Заев примопредавањето на вакцините го оцени како чин на огромна солидарност, пријателство и прва помош од братскиот српски народ кон македонскиот народ и искрен чин на пријателство.

-Иницијативата е на претседателот Вучиќ со кој редовно имаме комуникација и сакам да му се заблагодарам и на него и на премиерката Брнабиќ и на сите луѓе кои работеа сите овие денови. Веројатно првпат се случува да се добие една ваква согласност од Pfizer која веројатно ќе значи многу помош насекаде во светот преку вакви акти на солидарност, рече Заев.

Ова, додаде, е првата пратка, а овие денови ќе стигнат и останатите вакцини.

-Многу е важно што првите вакцини  во нашата земја стигнаа токму од братска и пријателска Србија и што ќе ги покријат сите здравствени работници – лекари, медицински сестри и сите што работа во ковид центрите ширум земјава, потенцира премиерот.

Нагласи дека границите со Србија се отворени поради иницијативата што постои во Западен Балкан за зголемување и унапредување на регионалната соработка што некои ја викаат „мини Шенген“.

-Како и да ја викаат тоа е израз на пријателство и соработка. На 24 февруари со претседателот Вучиќ и премиерот Еди Рама ќе потпишеме договори и меморадуми во повеќе области за меѓусебно помагање. Нашата соработка расте, а тоа треба да го знаат и македонскиот и српскиот народ затоа што работиме за да биде подобро за двата народи, истакна Заев.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе