Вулкан еруптираше во Индонезија, најмалку 11 мртви планинари, многу исчезнати

Макфакс
/ 04.12.2023 / 08:21

Спасувачите пронајдоа тела на 11 жртви по ерупцијата на вулканот Марапи на индонезискиот остров Суматра, соопшти портпаролот на спасувачките служби, а потрагата по 12-те исчезнати е прекината од безбедносни причини.

Во моментот на ерупцијата во областа имало 75 планинари, од кои 49 биле евакуирани во понеделникот, а многумина сега се лекуваат поради изгореници, изјави портпаролката на службата за пребарување и спасување Џоди Харјаван.

Заедно со телата на 11 планинари, спасувачите пронајдоа тројца преживеани, додаде Харјаван, а потрагата по 12-те исчезнати беше прекината поради подоцнежната мала ерупција.

Во пресрет на активирањето на вулканот, властите го подигнаа нивото на будност и воспоставија зона за забранет пристап на 3 километри од кратерот.

Remote video URL

Марапи еруптираше во неделата, исфрлајќи колона од пепел висока 3 километри на небото. Небото беше покриено со огромен облак од вулканска пепел, покривајќи и автомобили и патишта, покажуваат снимките.

Вулканот е меѓу најактивните на Суматра, а најмногу жртви зеде во април 1979 година, кога во ерупцијата загинаа 60 луѓе. Еруптираше и на почетокот на оваа година, забележува Reuters.

Индонезија има 127 активни вулкани и се наоѓа на пацифичкиот Огнен прстен, според агенцијата за вулканологија.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе