Популарниот музичар The Weeknd ја раскина соработката со модната куќа H&M поради расистички навреди, пренесува „Independent“.
Модната куќа неодамна се најде на мета на критики поради фотографии на кои се наоѓа црно момче, облечено во маица на која пишува „Coolest monkey in the jungle“.
Фотографијата го вознемири и канадскиот музичар The Weeknd, кој го изрази своето незадоволство на социјалните мрежи.
„Се разбудив утрово и засрамен сум од оваа фотографија. Длабоко сум навреден, и нема повеќе да соработувам со H&M“, напиша тој.
Фотографијата во меѓувреме беше отстранета од сајтот на тој моден бренд, а две слични, поточно со сличен натпис, но со бели деца, останаа.
Компанијата исто така упати и јавно извинување.