Yugo 45 во „GTA V“ изгледа подобро отколку во живо


Легендата Zastava Yugo 45 кој и понатаму ги мери должините на македонските улици, изгледа многу поубаво во популарната GTA V. Неодамна излезе посебен мод за оваа видео игра во која можете да уживате возејќи го овој култен модел на автомобил.

Zastava Yugo 45 е првата верзија на овој мод за GTA V, кој е дело на авторот Stefan_Menjac.
 
За да го инсталирате овој мод ќе ви биде потребен софтверот OpenIV, кој доколку го немате инсталирано, можете да го најдете на овој линк. Од она што можеме да го издвоиме, освен нашето изненадување и задоволство што го гледаме овој култен автомобил во една од најпопуларните игри во светот, се висококвалитетните текстури на внатрешноста и надворешноста, работењето (отворање/затворање) на вратите, камерата од прво лице, светлата и копчињата за светло, стоп-светлата, рикверц-светлата, рацете на воланот и уште многу повеќе. Дел од искуството можете да го проследите преку видеата подолу.
 
 
Секако, овој мод не е без пропусти. Најголемиот пропуст е што нема модели на Yugo кои можат дополнително да се „тјунираат“, но тоа веројатно ќе биде исправено во некоја од наредните верзии на овој мод. Автомобилот исто така нема мотор во овој мод од играта, уште една работа на која треба да се обрне внимание кога ќе излегува следната верзија од модот.
 
 
Оцената на овој мод е 4,97 од можни 5, а засега е преземен преку 3.000 пати. Тој е направен врз основа на претходниот мод за Asseto Corsa, чиј автор беше Максим Митровиќ.
 
 
Модот можете бесплатно да го преземете ТУКА. Возете го вашето Yugo со задоволство, како што би го правеле тоа доколку го имавте во вистинскиот живот.
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе